Внимавајте со вагиналната детоксификација

Вагиналната детоксификација на прв поглед изгледа како брза, практична и едноставна идеја благодарение на која можете да ја „излекувате“ својата вагина од инфекција, чешање или вишок исцедок. Сепак, пред да започнете да си играте со најразличните растителни препарати треба точно да знаете во што се впуштате.



Од неодамна на интернет лесно може да се најдат хербални топчиња кои по 3 дена употреба треба да ја исчистат и вратат вашата вагина во балансирана состојба исфрлајќи ги од неа сите токсини. За разлика од билните вагиналети кои може да се купат во аптека и се подложени на низа тестирања пред да излезат на пазарот, сè друго што е презентирано како природен лек има голем ризик да ја влоши ситуацијата.

Вагиналната детоксификација уште позната како детоксификација на матката лесно може да доведе до посериозни здравствени проблеми, предупредуваат експертите.

-Едноставно оставете го својот полов орган на мир. Не постојат цврсти научни докази дека треба да се употребуваат хербални топчиња за прочистување. Доколку ги оставите овие топчиња во вагината предолго може да го зголемите ризикот од токсичен шок синдром,советува гинекологот Дрејон Бурч инаку доктор на многу холивудски ѕвезди.

Лекарите предупредуваат дека производите наменети за вагинална детоксификација може да бидат размножувачи на бактерии и да ја нарушат нормалната Ph вредност на женското генитално подрачје.

Вагината има способност за самочистење. Доколку имате било каков проблем таму долу секогаш е подобро да се обратите на доктор отколку да решавате ситуацијата на алтернативен начин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби