Совети за навремено будење

Алармот ѕвони по трет пат, а вие се уште не сте станале?

Многу луѓе го навиваат својот часовник со намера да се разбудат на време, но кога ќе започне да ѕвони го исклучуваат и продолжуваат да спијат.

Токму поради тоа често им се случува да задоцнат на работа или пак да се чувствуваат поспано додека се обидуваат да започнат со дневните активности.

-Еден од најважните фактори за навремено будење во утринските часови е познавањето на биолошкиот часовник на личноста, вели професорот по психологија, Леон Лек, од универзитетот Флиндерс од Австралија. Доколку сакате да го решите проблемот со навременото будење треба добро да го испланирате сонот.

Размислите што сe треба да направите

Како ви започнува утрото? Колку време ви е потребно за да се подготвите за на работа? Доколку имате потреба да станете малку подоцна, тогаш од претходната ноќ испланирајте што ќе носите, што ќе јадете и што треба да направите откако ќе станете. На овој начин ќе си обезбедите од 15 до 30 минути дополнителен сон.

Што открива вашиот биолошки часовник?

Понекогаш не сме свесни колку часови сон му се потребни на нашето тело за да се одмори. Според Лек телото започнува да испраќа сигнали дека се подготвува за спиење еден до два часа претходно, така што доаѓа до намалување на телесната температура и срцевите отчукувања. Најдобриот начин да откриете како функционира вашиот био часовник е да легнете 8 часа пред терминот кога треба да станете. Оваа рутина практикувајте ја во текот на неколку недели.

Повеќе светлина полесно будење

Кога во просторијата во која спиете има повеќе светлина телото полесно го прифаќа фактот дека треба да се разбудите. Ако надвор е облачно или врне, тогаш може да искористите и силна вештачка светлина. Избегнувајте да спиете во затемнети простории.

Алармот подалеку од креветот

Кога алармот ви е на дофатот на раката секогаш е полесно да го ставите на пауза или да го исклучите и со тоа да продолжите да спиете. Затоа потрудете се вашиот часовник или мобилен телефон да биде што подалеку од вашиот кревет, па кога ќе заѕвони да мора да станете за да го исклучите.

Не ги прескокнувајте викендите

Вашиот биолошки часовник не знае дека е викенд. Доколку ги искористувате викендите за да се преспиете тогаш повторно ја изместувате рутината на спиење. Обидете се колку што можете почесто да го следите неделниот ритам на спиење и за време на викендите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби