Постојат многу нешта поврзани со сексот кои едноставно не држат вода. Еден од „советите“ кој досега сигурно сте го слушнале е дека непосредно пред односот партнерката треба да уринира за да ги намали шансите за уринална инфекција.
Водени од овој народен совет голем број жени се трудат да одат во тоалетот непосредно пред самиот однос, не знаејќи дека со тоа создаваат сосема спротивна ситуација од посакуваната.
Урологот Дејвид Кауфман тврди дека приказната за мокрење пред секс е една од најраспространетите помеѓу неговите пациенти.
За време на сексот вагиналните бактерии може да се рашират кон мочниот канал, а потоа и кон мочниот меур со што ќе создадат инфекција.
Затоа е корисно да се мокри, по сексуалниот однос, а не пред него. Се препорачува да пиете доволно течности, со цел да ја спречите дехидратацијата и полесно да одите во тоалетот.