Вежби за здрав рбетен столб

Болката во грбот не треба да се сфати како несериозна. Без разлика дали имате бурен или мрзелив начин на живот, секој од нас ризикува да го оштети рбетниот столб преку секојдневните активности. За среќа, пронајдовме неколку едноставни, но мошне ефикасни вежби, кои ќе ви ја отстранат болката од грбот.

Вежба бр.1



Легнете на грб. Свиткајте ја десната нога кај коленото. Истегнете ја левата нога, при што ќе ја држите зад коленото со двете раце и на тој начин ќе ја поткревате половината. Бидете во оваа положба 30 секунди, а потоа вежбата повторете ја и за другата нога.

Вежба бр.2



Легнете на грб и свиткајте ги двете нозе кај колената. Фатете ја левата нога со двете раце кај коленото и туркајте ја накај половината. Бидете во оваа позиција 20 секунди, а потоа повторете ја вежбата по два пати на двете нозе.

Вежба бр.3



Легнете на грб. Истегнете ја десната рака на страна во прав агол со телото. Истегнете ја левата нога од спротивната страна (како на сликата). Потрудете се да го истегнете десното колено до левата страна од телото, со што ќе ја допре и вашата лева рака. Бидете така 20 секунди, а потоа повторете ја вежбата по два пати за едно колено.

Вежба бр.4



Легнете на грв и свиткајте ја левата нога кај коленото. Десната нога, кренете ја на левото колено (како на сликата). Внимателно туркајте ја левата нога накај главата. Издржете во оваа позиција 30 секунди, а потоа повторете и со другата нога.

Вежба бр.5



Клекнете на подот со што ќе се истегнувате придржувајќи се за десното колено, а левата нога ќе ја истегнете наназад. Бидете во оваа положба 30 секунди, а потоа направете ја на другата нога.

Вежба бр.6



Легнете на десната страна. Свиткајте ја левата нога кај коленото, држејќи го зглобот со левата рака. Полека тегнете го зглобот, при што ќе ги стегнувате мускулите во левото бедро, обидувајќи се грбот да го држите исправен. Бидете во оваа позиција 30 секунди и потоа повторете на другата страна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби