Што е подобро јога или пилатес?

Јогата и пилатесот имаат многу сличности и речиси му даваат исти придобивки на телото. Овие форми на вежби обично спаѓаат во иста категорија покрај другите фитнес вежби, но иако се толку слични, постојат одредени разлики, кои добро е да ги знаете.



Јогата потекнува уште пред илјадници години и прв пат се практикувала во Индија. Но, со тек на време, еволуирала во различни форми, па сега се негуваат Vinyasa, Ashtanga, Kundalini и комбинирана јога.

За разлика од јогата, пилатесот го развил Џосеф Хабер Пилатес во 1920-тите години, како начин да се рехабилитира и зајакне телото за време на војна. Тоа многу им се допаднало на танчерите кои развиле различни техники на вежби со цел да ја подобрат нивната кондиција за време на настап.



Иако и двете рутини се практикуваат со заедничка идеја да се подобри телото и дишењето, јогата потекнува од спиритуален концепт и се поврзува повеќе со внатрешниот мир и физичко заздравување. Да научиш да го стишуваш умот е основно.

- Медитацијата е огромен дел од јогата. Додека пилатесот се фокусира на поврзување на телото и умот и како истото може да се практикува во секојдневието, јогата се фокусира на врската меѓу умот, телото и духот, објаснува јога мастерот Крис Џејмс.



Часовите по пилатес се повеќе стручни отколку часовите по јога и вежбите редовно се практикуваат со целосна дисциплина за да се постигнат добри резултати. Исто така, може да се употребува и различна опрема, доколку смета инструкторот дека тоа е потребно. Од друга страна пак, часовите по јога се прават во зависност од инструкторот, кој може да вметне и медитација, што не е случај и со пилатесот.

И сега што е подобро?

Ако барате нешто за да го зајакне вашето тело, особено грбот и рбетниот столб или да заздравите по некоја повреда, тогаш изберете го пилатесот. Но, ако сакате да станете пофлексибилни, да достигнете рамнотежа на мозокот, телото и духот, или пак да го намалете стресот со кој се соочувате, тогаш јогата е подобар избор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби