Опасности кои се кријат во сунѓерите за миење садови

-Сунѓерите се највалканите работи во кујната и многу е тешко да се одржат чисти, смета микробиологот Манан Шарма.



При едно истражување спроведено од американските научници од лабораторијата за заштита на храната, е откриено дека 77% од сунѓерите содржат бактерии, 86% габи и мувла, додека 18% имаат стафилококна инфекција, која многу лесно може да се пренесе на човекот и да придонесе до сериозни инфекции во крвта, белите дробови и срцето.

Зошто сунѓерите се толку нечисти?

- Тие доаѓаат во контакт со остатоци од храна и влажна средина, погодна за бактерии и други микроорганизми, објаснува Шарма.

Уште повеќе, тие не се чистат соодветно пред следната  употреба.

Сунѓерите низ рестораните

Обично, забрането е користење на сунѓери во кујните на рестораните, затоа што со толкав број на нечисти чинии, бактериите многу повеќе се размножуваат.

- Безбедна кујна е сувата кујна, без влажни сунѓери и крпи, кои им овозможуваат на микроорганизмите да се шират.

Како да го исчистите сунѓерот?



Ако само го истискате сунѓерот и го измиете со млаз вода, ништо не сте направиле. Истражувачите советуваат да го ставите мокриот сунѓер една минута во микробранова печка со цел да ги уништите бактериите. Сепак треба да биде влажен, за да не се запали, но и да не содржи некои метални жички.

Исто така, може да помогне и 10% хидроген или лимонов сок. Истражувачите советуваат дека најефективен начин за чистење на сунѓерот е потопување пет минути во хидроген. Измешајте малку хидроген во вода и потопете го сунѓерот. Сепак, најдобро е многу почесто да го менувате сунѓерот со нов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби