Неколку совети како да останете во форма и на патувањата

Често држиме диети и почнуваме со вежбање пред да заминеме на одмор. Без разлика дали е тоа за да можеме подобро да изгледаме во бикини на плажата, или едноставно за да се чуствуваме посамоуверено, често тоа го правиме пред годишните одмори.



Да на самите патувања, ние често се опуштаме и уживаме во храната, виното и десертите. Но, како да останете фит и во форма и за време на патувањата? Ова се дел од советите кои ги препорачуваат нутриционистите и фитнес тренерите.

Чекорете! Многу чекорете!



Одете. Пешачете. Чекорете секаде. Заборавете на такси возилата, на автомобилот, на автобусот, и ако можете дистанцата да ја изодите пешки.Со одењето, вие ги разгледувате новите места кои ги посетувате, а исто така губите и калории. Пешачете колку што можете повеќе.

Претворете ги забавните во фитнес вежби



Да, често одморите ги користиме... за одмор. За излежување на плажата и слично, но ако таму каде што патувате се џогира покрај брегот рано наутро, направете го тоа. Јога на плажата? Да може! Или ако се планинари слободно планинарете. Вашето тело ќе ви биде благодарно.

Танцувајте



Танцувањето е уште една забавна активност. И одлична кардио активност исто така. Па затоа ако отидете во ресторан или дискотека во која што имате можност да танцувате, слободно танцувајте. Ќе изгорите дел од калориите кои ги внесовте тој ден, а и ќе се размрдате.

Пливајте



Една од најдобрите физички активности во која секој мускул од телото е активиран. Во морето, во океанот па дури и во базенот во хотелот во кој престојувате, вие треба да пливате. Облечете го костимот за капење и упатете се кон водата. Каде и да е таа.

Возете велосипед



Ако не сте по танцувањето, јогата, танцувањето или пливањето, постои и алтернатива. Изнајмете велосипед (или понесете си го својот) и слободно возеете низ местото во кое престојувате. Ако тоа е туристичко летувалиште одлично. Само погрижете се да понесете доволно вода и крема за сончање, а ако е на планина, обидете се со маунт бајкинг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби