Дали ја купувате вистинската тоалетна хартија?

Хартија како хартија, со неа ќе го избришете задникот и сте завршиле работа. А можеби и не? Истражувањата покажуваат дека сепак не е сеедно што ќе избереме за својот тоалет.

Тоалетната хартија секојдневно доаѓа во контакт со најинтимните делови од нашето тело, но кога ја купуваме многу ретко размислуваме на нејзиниот квалитет и повеќе се фокусираме на цената. Колку поевтино, толку подобро.

На пазарот може да се најдат различни типови на хартија и тоа миризлива, рециклирана, избелена и слично, па се поставува прашањето како да ја избереме најдобрата за нашето семејство.

Ознака: ултра

Скриена состојка: формалдехид

Едно истражување направено во 2010-та покажува дека тоалетната хартија која содржи ваква состојка може да предизвика иритација на срамните усни на вагината. Освен тоа што ја иритира кожата истиот може да има и канцерогено својство. Формалдехидот се користи за да ја подобри отпорноста на хартијата на влага кога ќе се намокри.

Ознака: со лосион

Скриена состојка: минерални масла на база на петролеј

Иако нема доволно податоци за безбедноста на овој вид на тоалетна хартија некои корисници велат дека забележале чувство на пецкање за време на бришењето. Ако ова е и вашиот случај тогаш веднаш сменете ја хартијата.

Ознака: рециклирани

Скриена состојка: БПА – бисфенол А

Рециклираната тоалетна хартија вообичаено е погруба од другите хартии и повеќе се користи затоа што при нејзиното производство не се сечат нови дрва. Сепак, лошата страна е токму во БПА состојката. Таа може да влијае негативно врз здравјето на фетусот, бебињата и малите деца, додека кај возрасните поттикнува дебелеење. Се поврзува со болести на срцето, дијабетесот, проблеми со штитната жлезда, хиперактивност и карцином.

Ознака: PCF или ECF

Скриена состојка: деривати на избелувачи

PCF покажува дека во хартијата нема хлор и се истакнува кај рециклираните хартии бидејќи кај нив не се користи хлор за време на производството, но може да се најде во составот на хартијата која се рециклира.

ECF значи дека се користи хлор –диоксид наместо елементарен хлор. Производството на тоалетна хартија со ознака ECF се уште ослободува диокини, но во редуцирано количество. PCF е попожелна варијанта затоа што означува дека хартијата е рециклирана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби