Најдобрите пролетни и здрави активности

Активностите во природа се неопходни за одржување на здравјето. Пролетта освен за опуштање и сè почесто излегување на отворено, може да ја искористиме и за здрави спортски активности, со кои ќе го зацврстиме своето тело пред одењето на плажа, но и добро ќе се забавуваме. Сега е идеален период за пополнување на слободното време на одличен начин, а ние ви ги прикажуваме едни од најдобрите активности.

Велосипедизам



Возењето со велосипед е еден од најдобрите начини на кои може да потрошите вишок калории и да ослабете. Велосипедот ќе ви помогне при обликување на телото, особено на долниот дел на телото. Можете да намалите од 150 до 300 калории за 30 минути со лесно возење, но трошењето може да се разликува од личност до личност.

Возење ролери



Преку возењето ролери може да изгубите килограми и да ви се зголеми аеробната кондиција. Зголемена активност имаат мускулите на нозете и задникот, додека мускулите на телото, освен за одржување на рамнотежа немаат додатен импулс за поголема мускулеста контракција.

Пливање



За оние кои не сакаат да трчаат или да возат ролери, едноставно почнете да пливате. Пливањето е доволно добра вежба за константно здрав метаболизам и во комбинација со здрава исхрана позитивно ќе се одрази на вашето здравје и изглед. Ова е еден од најздравите спортови кој сигурно ќе го обожавате доколку сакате да поминете некое време сами без бука и разговор, бидејќи е одлична анти-стресна активност.

Планинарење



Пешачењето по природа и вдишувањето на свеж воздух е многу позитивно и смирувачко за вашето тело и дух. Ако сте друштвена личност и имате прилика да го поминете денот со планинари, слободно придружете им се на оние искусните, кои добро ги познаваат знаците во шумските патеки за планинарење.

Трчање



Многу рекреативци почнуваат да трчаат кога не се во форма и се повредуваат затоа што претеруваат во километражата и во брзината. Оддалеченоста и брзината на трчањето треба да се зголемува постепено, на тој начин ќе ги зачувате мускулите и стапалата. Првите 10 минути треба полека да трчате, со цел телото да се навикне на стресот кој следува. Трчајте опуштено и газете со целото стапало.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби