ВЕДНАШ ДА СИ НАБАВИТЕ

Изненадувачки факти за оревите

Оревите најчесто се користат за правење на торти и слатки, но мошне се здрави, па некои ги јадат како грицки. Зошто ги избираат оревите?



Содржат омега 3 и други здрави масти

Верувале или не, оревите имаат највисоко ниво на омега 3 масти од сите јаткасти плодови. Овие масни киселини овозможуваат придобивки за мозокот и срцето додека го лекуваат воспалението низ телото.

Многу се хранливи

Оревите содржат многу хранливи материи кои се есенцијални за основното здравје. Со 30гр ореви ќе внесете 4гр протеини и 2гр влакна, односно хранливи состојки кои го зголемуваат чувството на ситост. Исто така, одличен извор се на магнезиум и фосфор кои ја подобруваат мускулната функција и јачината на коските.

Ве прави остроумни

Научните истражувања покажале дека оревите играат голема улога при одржување на здравјето на мозокот. Исхраната која е составена од 6% ореви ги подобрува когнитивните функции, како и го намалува напредокот на Алцхајмеровата болест.



Ја намалуваат тежината

Консумирањето ореви нема да предизвика зголемување на тежината, туку ќе ви го намали салото од стомакот, доколку ги консумирате според пропишани правила.

Здрави се за срцето

Исто така, овие јаткасти плодови го намалуваат ризикот од срцеви болести, но и даваат многу придобивки за здравјето на срцето:

  • Намалување на холестеролот
  • Нормализирање на крвниот притисок
  • Намалување на воспалението
  • Подобрување на функцијата на крвните садови

Добри се за коските

При едно истражување се открило дека омега-3 маслата во оревите ги зацврстуваат коските дури за 6 неделна исхрана во која се вметнати токму овие јаткасти плодови.

Вкусни се



Многу пропуштате ако ги јадете само во торти. Може да ги консумирате како закуски, во супи и во десерти. Потрудете се да најдете неколку рецепти со ореви.

Совет плус:

Чувајте ги во фрижидер со цел да траат подолго, а доколку чувате во поголеми количини слободно ставете ги во ладилникот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби