Еден ама вреден: Витамин што го решава проблемот со надуеноста

Надуеноста на стомакот е една од најчестите појави кои ги мачат луѓето. Причините за надуеноста се најразлични, од премала физичка активност, до консумација на намирници и зачини кои задржуваат вода во телото и го забавуваат варењето.

Дали знаевте дека постои витамин што може да ви помогне да го решите овој проблем?

Станува збор за B витаминот или поточно за витамините од оваа група односно B комплексот.

Витамин B6

Ако вашето тело има тенденција да задржува вода, па наутро или навечер се будите отечени, витаминот B6 ќе ви помогне затоа што ја разградува водата во организмот. Истражувањата покажуваат дека дури 90 проценти од луѓето кои се во поодминати години од својот живот имаат недостаток од овој витамин поради модерниот начин на живот и лошата исхрана. Освен тоа што помага во подобрување на имунитетот, овој витамин им е потребен на трудниците и на луѓето кои имаат срцеви проблеми.

Извори на B6 – живина, риба, житарици, спанаќ

Витамин B1

Овој витамин е познат под името тиамин и е неопходен за разградување на јаглехидратите и храната што ја внесуваме во организмот. Освен што може да ја подобри работата на срцето и добро влијае на нервите, тиаминот ќе го подобри и забрза варењето и ќе ви помогне да се ослободите од гасовите кои создаваат надуеност. Освен тоа ќе го регулирате и чувството на глад.

Извори на B1 – меласа, зелен зеленчук, пивски квасец, зрнеста храна

Витамин B12

Недостатокот од овој витамин во организмот е поврзан со воспалителни процеси во делот на стомакот. Овие воспаленија можат да ја пореметат рамнотежата на добрите бактерии во тенкото црево и да предизвикаат проблеми со варењето и создавање гасови.

Извори на B12 – морска храна, сирење, јајца, туршија, говедско месо



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби