Применете ја војничката диета и изгубете 5кг за една недела

Иако диетата го носи називот војничка, нема никаква поврзаност со исхрана на војниците и е една од ретките диети кои не се извадени од некоја книга или производи за слабеење. Диетата ветува намалување од 4-5кг неделно и внесување на комбинација од намирници кои го поттикнуваат слабеењето.



Диетата е поделена на две фази: 3 последователни денови во неделата се внесуваат 1000-1400 калории дневно и тоа преку 3 главни оброци (меѓуоброците се забранети), а преостанатите 4 денови не се толку рестриктивни, но сепак енергетското внесување е ограничено на 1500 калории дневно. Неделниот циклус се повторува додека не се постигнат посакуваните резултати. Комбинацијата на намирници кои во склоп на диетата ги топат масните наслаги и го поттикнуваат слабеењето е внесување на оброци кои се состојат од зеленчук и протеини со висока вредност, како и мали количини на јаглехидрати. Диетата го поттикнува внесувањето на „здравите масти“ од маслиново и кокосово масло, но и авокадо, јајца и ореви.

Исто така, пожелно е да се зголеми внесувањето на намирници богати со витамин С, како што е цитрусот, калциум од млечните производи, бидејќи имаат поволно влијание на масните наслаги. Храната се подготвува преку готвење или припрема на пареа ако се работи за зеленчук или печење на скара ако се работи за месо. Предност имаат протеинските производи, а внесувањето на јаглехидрати е пожелно да се ограничи. Кафето и чаевите се дозволени, но не смее да им се додава млеко или шеќер. Алкохолот е забранет првите три денови, а последните четири дена дозволен е во ограничени количини. Диетата поттикнува и секојдневно одење 30 минути, а ако организмот може тоа да го поднеси, пожелна е и интензивна телесна активност.



Оваа диета може да даде брзи резултати ако мора во многу краток рок да ја облечете омилената тоалета.

Пример мени за еден ден

Појадок:
Препечено парче леб со путер од кикирики (2 лажички)
Грејпфрут
Шолја кафе или чај

Ручек:
1 препечено парче леб
½ шолја туна од конзерва
Шолја кафе или чај

Вечера:
80гр месо на скара и 1 шолја варен грав
Мала јаболка
Пола банана
Шолја сладолед од ванила



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби