Ги знаете ли последиците од прејадување од јаткасти плодови?

Семките и јаткастите плодови моментално се многу популарни со оглед на тоа дека ги заменуваат грицките и се многу поздрави. Полни се со омега 3 масни киселини, а со оглед на тоа дека се богат извор на белковини, влакна и здрави масла, прават да се чувствуваме сити подолго време. Се смета дека го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања, а некои истражувања покажале и дека го намалуваат ризикот од рак и штитат од дијабетес.



Иако јаткастите плодови се многу поздрави за јадење, претерувањето со нивна консумација може да доведе до несакани последици, како што е дебелеењето, проблеми со варењето, опаѓање на косата и кршливи нокти.

Брзо дебелеење

Јаткастите плодови имаат повеќе калории и полни се со маснотии, па така 100гр. ореви имаат 654 калории, додека 100гр. лешници имаат 628 калории. Иако се многу здрави, се препорачува да се консумира околу 30гр. дневно од било кој јаткаст плод.

Дијареја, подуеност и гасови



Со оглед на тоа дека јаткастите плодови се богат извор на прехранбени влакна во умерени количини помагаат при регулација на дијареја и го поттикнуваат слабеењето. Но, ако преку вашата исхрана до сега не сте внесувале доволно влакна и внесете наеднаш тоа може да предизвика проблеми со варењето, дијареаја, подуеност и гасови.

Оваа појава особено се појавува при консумација на сирови јаткасти плодови, а причината за тоа се состојките како што е фитинската киселина. Оваа киселина се врзува за минералите, како што е калциумот, магнезиумот и цинкот и ги прави невозможни за варење. Најголем проблем на оваа киселина е тоа што за себе го врзува и железото, поради што може да дојде до недостаток на железо во организмот, односно до слабост и анемичност.

Опаѓање на косата и слаби нокти



Ако дојде до овие симптоми, значи дека сте дошле до труење со селен. Имено, бразилските ореви се богати со селен, кој има свои здравствени придобивки, но на нашиот организам му е доволно само еден до два бразилски ореви за да ја внесеме дневната доза на селен.

Труењето со селен создава симптоми како што се кашлица, мачнини, повраќање, пролив и грчеви. Исто така во првите симптоми се вбројуваат и опаѓање и кршење на косата и слаби нокти. Од невролошки причини се појавува и умор, раздразливост, емоционална стабилност, па дури и рамнодушност.

На ден се советува да се внесува 400 мгр. селен, а во 100 гр. бразилски ореви има 1917 мгр. Поради тоа, внимавајте колку внесувате, бидејќи труењето со селен може да резултира со цироза на црниот дроб.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби