5 ПРИЧИНИ

Зошто понекогаш гледањето ТВ е корисно?

Повеќето истражувања покажуваат дека седењето пред ТВ екраните нема да ни донесе ништо корисно.

Сепак, во определени ситуации телевизијата има и позитивно влијание врз нашиот живот, се разбира сè додека знаеме да ги избереме вистинските содржини за гледање.

Помага при подобро разбирање на некои ситуации од реалниот живот – филмовите кои ги гледаме на малите екрани ни покажуваат најразлични животни ситуации и какви проблеми може да настанат од нив. Документарните серии за определени личности не ретко може да ни покажат дека нашиот живот и не е толку лош како што мислиме. Она што го гледаме на ТВ потсвесно нè подготвува за можните промени кои можат да настанат во животот и како најлесно да ги прифатиме.

Пронаоѓаме пример и утеха – без разлика на тоа дали станува збор за фиктивни или пак за реални ликови, некои од нив ни помагаат да бидеме подобри, да работиме на себе си и на својот карактер, да се бориме за своите соништа и храбро да тргнеме во поход кон она што навистина го сакаме.

Ја стимулираме својата фантазија – ако ги тргнеме на страна вестите, политичките емисии и сапуниците, на ТВ може да се најдат илјадници корисни програми за готвење, уредување на домот, мода, филм и слично кои може да ни дадат корисни идеи и да ја стимулираат нашата фантазија во мошне позитивна насока.

Полесно ги полниме батериите за нови предизвици – кога сме пред телевизорот на кратко не размислуваме на секојдневните проблеми. Тоа ни помага да се ослободиме од стресот, добро да се насмееме, па дури и да се расплачеме како начин на исфрлање на насобраните емоции.

Патуваме онаму каде што не сме биле – можеби никогаш во животот нема да заминеме на Малдивите, но затоа ќе ги видиме на телевизија и ќе уживаме во нивната убавина. Благодарение на телевизијата дознаваме нешто повеќе за луѓето кои живеат на другата страна на светот, за нивните обичаи, за храната што ја јадат и слично.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби