Зошто е добро да се оди на одмор

Почнете да го планирате вашиот одмор затоа што сега и научниците ве советуваат дека тоа е многу добро како на физички така и на психички план. Знаеме дека сте зафатени и дека имате многу обврски, но подобро е да паузирате па со полни батерии да им се вратите на обврските. Какви придобивки имаме од одморот?



Потенка половина

Со самото земање здив од вашата работа се чувствувате порелаксирани. Но, знаете ли дека жените кои практикуваат повеќе лежерни активности, вклучувајќи и редовни одмори, не само што се чувствуваат подобро туку и се поздрави? Една студија спроведена во универзитетот во Питсбург покажала дека испитаниците, вкупно 1400 на број, ја намалиле својата телесна тежина додека биле на одмор, особено делот околу половината. Значи ова е одлично, доколку сакате да ослабете.

Подолг живот



Жените кои одат на помалку одмори, на пример еднаш во шест години, се речиси за осум пати изложени на поголем ризик од срцев удар од оние кои одат на одмор два пати годишно, според анализите во кои се испитувале жени цели две децении. Истражувачите од институтот Фрамингам, САД, ги земале во предвид и однесувањето, социјалниот статус и личниот комфор, но откриле дека одморот е навистина добар показател за животот на една личност.

Помалку стрес

Подмладувачкиот ефект од одморот може да трае многу подолго отколку што сметате. Една мала студија направена во универзитетот во Виена откри дека откако сте одмориле некое време од работата, имате многу помало ниво на стрес поврзано со физички болки како што се главоболка, болки во грбот или брзо срцебиење, а се чувствувале така убаво и во следните пет недели.

Подобар љубовен живот



Студијата предводена од универзитетот Ниелсен, покажува дека 80% од луѓето кои одат на одмор секоја година велат дека врската им е многу пожива од оние 56% кои не си земаат одмор. Зошто е тоа така? Бидејќи сексот дава многу здрави придобивки, од намален ризик за настинка до подобро функционирање на мозокот.

Подобар сон

Една студија направена од поранешни научници во НАСА открива дека не само што ќе спиете добро на одмор, туку и ќе се чувствувате подобро и отпосле. Истражувачите следеле една група на патници кои патувале во Окленд и им дале да стават уреди на зглобот кои им го следат квалитетот и квантитетот на спиењето пред, за време и по патувањето, кое варирало од 7 до 12 дена. Патниците не само што спиеле плус еден час од обичното, туку и спиеле 20 минути повеќе откако се вратиле од патувањето.

Се надеваме дека по овие придобивки веќе се решивте дека дефинитивно ќе ги спакувате куферите и ќе тргнете неколку дена на одмор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби