Тинејџерите патат од трајно оштетување на звукот поради гласна музика

Едно ново истражување покажа алармантно ниво на трајно губење на слухот кај младите кои се изложени на гласна музика.

- Ова е еден проблем, кој мислам дека ќе станува уште полош, вели Лери Робертс од одделот за психологија, неврологија и однесување во Канада.

Истражувачите интервјуирале и прегледале група од 170 ученици меѓу 11 и 17 години, откривајќи дека речиси сите од нив се изложени на ризични навики за слушање гласна музика и тоа на забави, во клубови и на лични уреди. Повеќе од четвртина од учениците веќе имаат хроничен тинитус – ѕвонење или зуење во ушите кое најчесто се манифестира кај луѓето над 50 години.

Иако испитаниците може се уште да слушаат како и нивните врсници, оние кои се соочуваат со тинитус се изложени на поголем ризик од намалено чувство на силна бука, што се смета за знак на оштетување на нервите кои се користат при процесирање на звук, односно оштетување кое може да доведе до посериозни последици подоцна во животот.



Робертс објасни дека кога аудитивните нерви се оштетени, клетките на мозокот ја зголемуваат чувствителноста во нивните инпути, кои може да прават обичните звуци да им изгледаат како погласни.

Зголемената перцепција за гласност е една индикација за повреда на нервите која не може да се открие преку аудиограм, стандарден клинички тест за слушање.

Истражувањата од неврологијата покажуваат дека такво „скриено намалување на слух“ е предизвикано од изложување на гласни звуци во раните години кој подоцна се влошува.

- Нивото на изложеност на гласна музика е многу често и познато во нашата околина, особено помеѓу младите. Пораката е – штитете си ги вашите уши, вели Робертс.

Тој заедно со уште еден Бразилски истражувач Ранит Ганз Санчез, направиле многу детално истражување. Многу е често наредниот ден по слушањето на гласна музика да имате зуење во ушите. Повеќе од половина од испитаните ученици изјавиле дека токму тоа им се случува.

Тинитусот е ран знак за губење на слухот, а од испитаниците околу 28% веќе ја имале развиено оваа состојба. Тинитусот не може да се лечи, па затоа мора да се грижиме да не оглувиме, бидејќи тоа е единствена превенција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби