Што откриваат промените на вашите гради?

Гради кои растат, се смалуваат, болат, ја менуваат тврдоста...Во текот на животот женските гради поминуваат низ најразлични фази и промени, кои понекогаш се сосема безопасни, а во други случаи се предзнак за некоја болест.

Гради кои растат – доколку големината на градите се зголемува тоа најчесто е поради зголемувањето на телесната тежина. Друга причина може да биде бременоста затоа што млечните канали се шират при доењето. Зголемувањето може да се појави и како резултат на пилулите за контрацепција и менструалниот циклус со оглед на тоа дека градите реагираат на промени во нивото на естероген и прогестерон во крвта.

Гради кои се смалуваат - освен слабеењето, како главна причина за намалувањето на градите, тука е и менопаузата. Доколку градите ви се смалиле и паралелно со тоа сте забележале опаѓање на косата, појава на акни и влакна по лицето, проверете случајно да не имате проблем со полицистични јајници или пак пиете премногу кафе. Една британска студија покажува дека три кафиња на ден ги намалуваат млечните канали.

Менуваат облик – обликот и изгледот зависат од возраста, раѓањето и доењето. Поради стареењето и доењето, сврзното ткиво пука, а кожата губи еластичност, со што гравитацијата станува најголем непријател. Најдобриот начин за да се справите со промената е да изберете правилен градник. Тешките диети предизвикуваат јо –јо ефект при што доаѓа до големо растегнување на кожата. Препорачливо е да правите вежби со кои ќе ги зацврстите мускулите на градите, за да ја задржите нивната форма.

Појава на грутки – за време на менструалниот циклус, кај градите може да се појават грутки. Овие фиброцистични појави се дел од нормалната градба на градите. Може да бидат болни на допир и мошне чувствителни. Иако се честа појава се препорачува редовно да правите контрола, особено ако ви се појавуваат прв пат или сте во менопауза.

Густина – некои жени имаат густи гради, односно поголемо количество на сврзно ткиво и жлезди. Најголемиот проблем кај овој тип на гради е што во нив е потешко да се дијагностицираат тумори. Освен тоа некои истражувања покажуваат дека овие жени имаат поголем ризик од рак. Редовниот самопреглед е неопходен.

Болки – многу нешта може да предизвикаат болка во градите, а повеќето од нив се безопасни. Болките во обемот на градите најчесто се од хормонска природа или пак преголемо количество на кофеин. Друга причина може да биде лошиот градник, ПМС-от, благи удари во градите, па дури интензивно вежбање.

Вовлечени брадавици – сосема нормална појава, но ако ви се такви во текот на целиот живот. Доколку забележите дека ви се вовлекле во скоро време, би требало да се консултирате со лекар бидејќи еден од честите знаци на рак на дојка се вовлечени брадавици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби