Зошто ви отекуваат зглобовите на нозете?

Многу често ни отекуваат зглобовите или целите стапала, па имаме проблем при облекување на чевли или патики. Кај некој тоа е честа појава на крај од некој напорен ден, додека кај други пак отекуваат поради сосема различна причина. Потрудете се да ја пронајдете причината во едно од следните објаснувања:

Повреда на стапало – Може да ви отекуваат нозете ако сте го истегнале или превиткале зглобот, дури и ако ви се скршила ногата или стапалото. Сепак, ова постепено ќе поминува. Во зависност од повредата, најверојатно ќе треба да ставате мраз, да се масирате со некоја маст или да посетувате физиотерапија.

Каснување од инсект – Ако сте алергични на некои инсекти, областа може да ве чеша или пак да ви отече.

Изгореници – Ако сте се потуриле со жешка вода или пак многу долго време сте биле изложени на сонце, може да добиете изгореница и стапалата да ви отечат. Ако има видлива изгореница, обратете се кај лекар.

Тесна облека – Многу тесните залепени фармерки за вашите нозе, може да предизвикаат притисок на мускулите и да пречат во нормалната циркулација.

Артритис – Отекувањето на зглобовите е чест симптом кој се јавува кај оние кои патат од артритис.

Венска тромбоза – Често доаѓа до отекување на зглобовите по долго седење или по долго патување. Ако имате болка по долга неактивност, треба да се јавите кај вашиот лекар за да ви направи контрола.



Проширени вени – Крвните садови кои се проширени и видливи на нозете може да предизвикаат симптоми како што се болка, оток и чешање.

Бременост – Поради поголемиот стомак кој создава притисок во абдоменот, може да добиете отечени нозе. Ако наеднаш дојде до оток, може да има некој друг проблем.

Дебелина – Голема тежина може да предизвика голем притисок на нозете, зглобовите и стапалата, што не би било чудно и да дојде до отекување..

Недоволно активна тироидна жлезда – Хипотироидизмот е поврзан со задржување на течностите во екстремитетите и лицето.

Проблеми со срцето, црниот дроб или бубрезите – Кога срцето не може да пумпа крв соодветно, крвта може да се спушти кон нозете, при што доаѓа до отекување. Истото може да се случи кога црниот дроб или бубрезите не работат како што треба.

Лекови – Особено оние за некоја хронична состојба, може да предизвикаат отечени зглобови. Овде спаѓаат и лековите за висок крвен притисок, депресија и контрацептивните пилули.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби