Најчесто поставувани прашања во врска со топлотниот удар

Со доаѓањето на летото пристигнаа и високите температури. Најчестите препораки од медицинските лица за избегнување на топлотните удари и сончаница се: да не се биде на отворено од 10 до 17 часот, носење на лесна памучна облека со светли бои, пиење многу вода, јадење на лесна храна и покривање на главата со шапки.



Но, кои се најчестите прашања поставувани во врска со високите температури и ризикот од топлотен удар?

1. Што се случува со телото додека е изложено на високи температури?



При високи температури, телото се лади на природен начин преку потење. Но, кога потењето не е доволно, температурата на телото се зголемува над 37 степени и може да се појават грчеви и дехидрацијата како последица на потењето. Особено е важно да се напомене дека во местата со висока влажност, телото побавно се поти и со тоа побавно ја исфрла топлината од организмот.

2. Кои се знаците на топлотен удар?

  • Висока телесна температура (над 38 степени Целзиусови)
  • Црвена, сува и вжештена кожа на допир
  • Забрзан пулс
  • Вртоглавица
  • Нагон за повраќање
  • Конфузија
  • Грчеви во мускулите
  • Блед тен

3.  Што треба да се превземе за да се помогне на лицето кое има топлотен удар?



За почеток тргнете го од сонцето и однесете го некаде каде што има сенка или поладна околина. Дајте му да се напие ладен пијалак (по можност вода). Лицето треба да се истушира со што поладна вода и да се пресоблече во лесна памучна облека. Потоа следи одмор во ладна атмосфера и лесен оброк кој нема да содржи алкохол или мрсно месо... По можност во оброкот да има и сезонско овошје.

4. Колку течности треба да се пијат додека траат високите температури?



Што е можно повеќе. И тоа не само сокови, туку најмногу ладна вода. Избегнувајте ги газираните пијалоци бидејќи содржат кофеин. Исто така не чекајте да бидете жедни за да се напиете вода додека траат високите температури. Пијте 1-2 чаши вода на секој половина час.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби