Најдобри решенија против претерано потење

Во телото имаме 2.6 милиони потни жлезди кои може секој час да произведуваат по неколку децилитри пот. Ако се занимавате со некоја физичка активност под силно сонце и високи температури, нормално е да се потите. Сепак, некои луѓе се потат многу повеќе од нормалното, па за да го спречите истото мора да ги препознаете симптомите и да си помогнете самите себе.



Дамки на облеката

На облеката секој ден забележувате дамки од потење кои се протегаат од под пазувите до половината? Белите траги од сол се вообичаена појава за време на топлите и спарни денови, но ако ги имате овие дамки и по времето поминато во ладни простории се работи за претерано потење.

Потење под стрес

Влажни ви се дланките и делот околу пазувите кога мора да презентирате нешто или да завршите некоја тешка работа? Можно е да имате проблем со претерано потење предизвикано од стрес, а истото може да се препознае и по мирисот на потта, кој се јавува при овој вид на потење.

Рацете и нозете секогаш ви се влажни

Ако постојано ви паѓаат работи од раце поради влажните дланки, а стапалата постојано ви се влажни, без разлика на температурите, побарајте помош од дерматолог. Обратете се на лекар ако забележете дека потењето почнало многу да влијае на квалитетот на вашиот живот.



Решенија за претерано потење

  • Научете се да нанесувате дезодоранс навечер пред да си легнете, кога потните жлезди се помалку активни, па состојките може подобро да се впијат и да дадат подобри резултати. По утринското туширање повторно ставете дезодоранс.
  • Избегнувајте активности по жештини, особено меѓу 11 и 16 часот, кога сонцето е најјако.
  • Посетете дерматолог и во консултација избере терапија која ќе ви помогне да лачете помалку пот.
  • Испробајте ботокс! Вбризгувањето на овој токсин под кожата ја намалува работата на потните жлезди. Еден третман ќе го намали потењето за околу три месеци.
  • Исушете ја потта со помош на најновите технолошки достигнувања. MiraDry е состав кој го намалува потењето преку микробранови за дури 80%.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби