6 ефикасни вежби за оние кои мразат да вежбаат

Ако сте и вие еден од тие кои барате ефикасни вежби за да го обликувате вашето тело, погледнете некои од овие алтернативни начини со чија помош ќе станете фит.

Некои луѓе едноставно не ја сакаат теретаната, па избираат разни други начини за да изгубат некој килограм и да бидат во топ форма. Ако сте еден од нив и барате ефикасни вежби со кои ќе го обликувате вашето телото ви нудиме неколку алтернативни начини со чија помош ќе станете фит!

Возeте велосипед



Велосипедизмот е одличен за оние кои не ја сакаат теретаната. Овој кардио тренинг ќе ја зголеми вашата енергија, а погоден е и за оние кои имаат проблеми со зглобовите. Доволно е само да седнете на велосипед и да се упатите било каде!

Танцувајте



Посетувајте часови по салса или некој друг брз танц. Танцувајќи на брзиот ритам, со овој сензуален танц ќе „изгорите“ и до 600 калории на час. Предноста на оваа „вежба“ е што може да ја практикувате со вашиот партнер. Идеален тренинг за парови.

Пешачете



Сакате да ослабите? Пешачете! Одењето ќе ви помогне да се ослободите од вишокот килограми, а воедно нема да се чувствувате изморено како после напорен тренинг. Зададете си рута која би ја изоделе, облечете удобни патики и упатете се на прошетка. Започнете со помали растојанија, а потоа постепено зголемувајте ги.

Вежбајте јога



Јогата е одличен начин на вежбање. Таа ќе ви помогне подобро да дишете, ќе ви ги истегне мускулите, обликува телото и ќе се чувствувате совршено. Постојат многу видови на јога, но за почеток изберете некои едноставни вежби. Подоцна, кога ќе станете пофлексибилни може да започнете и со оние покомплексните.

Вртете хулахоп



Овој пластичен прстен ќе ви ги обликува стомачните мускули, рацете и нозете, а може да согорите и до 200 калории со само половина час вртење. Во друштво на хулахопот ќе ви биде забавно, а тренингот од 30 минути ќе ви помине многу брзо.

Тимски спортови



Тимските спортови се добра забава, особено кога се игра со пријателите. Со играњето фудбал, кошарка или одбојка ќе го обликувате цело телото и ќе ја добиете посакуваната линија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби