Заштитете се од труење од храна

За време на летниот период често доаѓа до расипување на храната, кое е потешко да го откриеме преку мирисот или вкусот. Поради тоа многу е важна хигиената, начинот на подготовка на храната и правилното чување. Вообичаени симптоми од труење со храна се: мачнина, повраќање, грчеви, дијареја, а понекогаш треска и губење на течности.



Што да направите доколку сте затруени со храна?

Пијте многу вода или незасладен чај, за да ја надополните изгубената течност.

Во случај на посилни мачнини, ако заболело доенче, мало дете, бремена жена или личност со послаб имунитет, обратете се на семејниот лекар или итната медицинска помош.

Ако мислите дека труењето со храна е последица поради консумирање на храна од ресторан или друг објект кој работи со храна, за тоа мора да го известите вашиот лекар или директно да го контактирате Заводот за јавно здравство и санитарната инспекција, со цел да се спречи ширењето на храната.

Како да ја чистите храната?

Рацете, садовите и даските за сечкање треба да ги миете пред и по подготовка на сирово месо, пилешко месо, морска храна и јајца. Најдобро е да употребувате пластични даски. Важно е редовно да ги миете рацете, особено по користење на тоалетот, по допирање на сирова храна и пред јадење. Не треба да ја допирате храната ако имате желудочни тегови, дијареја или повраќање. Не ја допирајте храната ако имате рани или посекотини. За бришење на работните површини се препорачува користење на еднократни, хартиени бришачи, но доколку користете платнени крпи, треба почесто да ги менувате и често да ги вриете пред употреба.

Правилно готвење

Правилното готвење ги уништува бактериите кои може да предизвикаат труење со храна, која е потребно да ја готвите доволно долго, особено ако подготвувате месо.

За време на подгревањето на храната, потребно е да проверите дали е целосно загреана, а остатокот фрлете го и не го подгревајте повторно.

Правилно ладење

  • Храната која брзо се расипува, зготвената храна и остатоците од јадењата треба да ги ставите во фрижидер што е можно побрзо
  • Храната треба да ја одмрзнувате на дното од фрижидерот или под млаз ладна вода 
  • Пред замрзнување на голема количина на храната, треба да ја разделите во повеќе садови со цел што е можно побрзо да се замрзнат
  • Ако при подготовка на храната користите сад кој долго ја чува топлината, преостанатата храна веднаш преместете ја во друг сад со цел што побрзо да олади
  • Храната која ви има сомнителен мирис и вкус или која подолго време е во фрижидерот, треба да ја фрлите



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби