РОДИТЕЛИ ВНИМАВАЈТЕ

Заедничките детски играчки се извор на заразни инфекции

Децата секојдневно си играат со пластични играчки, кои исто така ги делат и со своите браќа или сестри, но и со останатите другарчиња. Често знаат да ги фрлат на земја, да ги згазнат со патика, па да ги стават во уста и едноставно не се доволно зрели за да внимаваат повеќе. Токму поради тоа, мора често да ги чистите играчките, особено поради фактот дека вирусите на играчките живеат и до 24 часа, а некои бактерии и повеќе од една недела.



Научниците од американскиот универзитет Џорџија Стејт, успеале да оживеат вирус од пластична играчка на влажност од 60%. Кога влажноста во просторијата била 40%, вирусот бил активен и по 10 часа.

- Луѓето не размислуваат како може да се заразат преку предмети. Децата особено се чувствителни на зараза од инфективни болести бидејќи се ставаат во уста, а нивниот имунитет не е целосно развиен, објаснува научникот Ричард Беарден.

Како најдобро да ги исчистите играчките?

  • Лего коцките оставете ги еден час во врела вода со течност за миење садови и измијте ги со топла вода
  • Во играчките за бањање се собира мувла, па добро е да ги потопите во мешавина од врела вода и оцет
  • Плишаните играчки се полни со прашина, па барем еднаш месечно треба да ги исперете во машина за перење
  • Книгите и сликовниците може да ги пребришете со антибактериски шамивчиња
  • Играчките кои бебињата ги гризат кога им растат заби, треба да ги миете со течност за миење садови. Може да ги потопете 10 минути во мешавина од оцет и вода, а потоа добро да ги измиете. Во најрана доба, многу е важно играчките кои што ги купувате да бидат лесни за одржување, бидејќи мора често да ги перете.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби