Од неправилна исхрана до лошо лице

Кожата на лицето покажува што му смета на вашето тело- шеќер, вино, млеко или глутен.

Лошата исхрана и нездравите навики се одразуваат врз неа, па кога ќе забележите дека изгледот на лицето ви се сменил во негативна насока, тогаш бидете сигурни дека вашата исхрана има голем удел во тоа.

Винско лице – типични симптоми се нагласени брчки помеѓу веѓите, црвенило околу очите, спуштени капаци, проширени пори, дехидрирана кожа што се перути околу образите, црвенило на образите длабоко нагласени линии под носот. Причината е претерана консумација на алкохол. Истиот ја дехидрира кожата и го влошува нејзиниот изглед, додека шеќерот во алкохолот го уништува колагенот.

Глутенско лице – симптомите за ова лице се отечени и црвени образи, акни кои се јавуваат на долниот дел од лицето, како и пигментациски дамки околу брадата. Се претпоставува дека 10 проценти од луѓето се чувствителни на глутен, а најчеста последица е „отеченото лице“ кое настанува како последица на воспаление предизвикано од алергиската реакција на глутенот.

Млечно лице – ова лице се одликува со отечени капаци како и темни подочници. Често се јавуваат и ситни бели мозолчиња околу брадата. Ваквиот изглед сугерира на тоа дека организмот не толерира лактоза. Причината за тоа може да биде фактот што во млекото и млечните производи може да се најдат различни хормони.

Шеќерно лице – личноста чувствителна на шеќер има нагласени линии и брчки по лицето, отеченост под очите како и мошне сува кожа. Често се појавуваат поткожни акни на било кој дел од лицето. Шеќерот го активира процесот во кој молекулите на глукозата се врзуваат со колагенот, по што тој станува крут, а кожата ја губи еластичноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби