НАУЧЕТЕ НЕШТО НОВО

Пет ефикасни детокс диети кои ги користат познатите

Детокс диетите му помагаат на нашето тело да се ослободи од токсините, така што се консумираат помалку нездрави состојки, како алкохол, кофеин, вештачки засладувачи и слични нешта, кои се заменуваат со течности и храна што му помага на телото да се исчисти.

Многу од луѓето кои на било кој начин се занимаваат со шоу бизнис се подложуваат на најразлични дектокс диети со цел убаво да изгледаат на црвениот тепих, да изгубат некој килограм или пак да се подготват за филмска улога.

Во прилог ви ги презентираме 5-те најпознати и најефикасни детокс диети кои ги практикуваат славните и богатите.

Детокс со свежа храна

Оваа диета ја користат Деми Мур и Бијонсе, а опфаќа програма со која се елиминира секаква обработена храна. Се тргнува од претпоставката дека готвењето ги отстранува сите важни ензими од храната и со тоа оневозможува организмот сам да се детоксифицира. Диетата има 5 различни нивоа. Петтото ниво вклучува 75 проценти свежа храна со само еден готвен оброк во текот на денот Првото ниво е најстрого во кое се консумира само свежа храна, овошје, зеленчук и сокови. Строго забранети се процесирано месо и вештачки засладувачи. Доколку се решите на овој детокс план треба да имате предвид дека ќе го лишите телото од многу животински продукти, па се препорачува користење на соодветни суплементи.

Вегански детокс

Холивудската актерка Алисија Силверстоун е основач на оваа детокс диета со која се верува дека ќе ги намалите килограмите и ќе го подобрите изгледот на кожата. Сепак, ова не е брзо решение, туку долгорочен план на исхрана што ве мотивира да ги замените процесираното месо и храната од животинско потекло со храна богата со хранливи состојки, како зеленчук и зрнеста храна. Исто така може да јадете овошје и поврено да се почестите со десерт. Според Силверстоун ова не е диета чија цел е да ви ја забрани храната, туку детокс план со кој ќе јадете добро, здраво и вкусно.

7-дневна детокс диета

Оваа диета е дело на актерката Гвинет Палтроу и опфаќа микс од смути, салати, супи, овошја, семиња , риба, пилешко и зрнеста храна. Кога не консумирате нездрава храна вашето тело може полесно да се детоксифицира. Се практикува во текот на 7 дена, кога се внесуваат само течни јадења за да му се олесни работата на дигестивниот систем. Најстрогата верзија на овој деток план опфаќа користење на алкална вода, хлорофил и алое вера. Гвинет вели дека по оваа детоксикација кожата ќе го врати стариот сјај додека телото ќе добие на енергија.

Мастер детокс

За да се подготви за улогата во филмот Dreamgirls, Бијонсе се подложи токму на овој детокс план. Мастер детоксот уште се нарекува и лимонада диета. Истата помага во прочистување на телото од токсини и губење на тежината. Во текот на 10 дена се откажувате од секаква тврда храна и консумирате пијалак со лимон. Истиот се приготвува со сок од лимон, јаворов сируп, црвен пипер и вода. Ова е една од потешките детоксификации, па за да се спроведе е потребна строга дисциплина.

48-часовен детокс скратена верзија

Според овој деток план треба да пиете течност со лимон 4 пати на ден во текот на два дена. Оваа формула ја користи актерката Ен Хатавеј кога сака да изгледа одлично на црвениот тепих.

Бидејќи станува збор за истиот пијалак кој што се користи и при Мастер детоксот при што се внесуваат само 80 калории од ден, се препорачува да се користи само 48 часа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби