ГОТВЕТЕ СИ ГИ САМИ ОБРОЦИТЕ

Едноставни нешта со кои ќе придонесете за подобро здравје

Грижата за вашето здравје не бара големи радикални промени во животниот стил, скапи третмани и ригорозни режими или диети.

Понекогаш сè што е потребно да направите се мали и навидум незначајни потези кои ќе имаат полезен ефект за вашето тело.

Ова се само неколку едноставни чекори за да го подобрите вашето здравје.

Гответе си ги сами оброците



Ако не сте во можност сите три главни оброци сами да ги подготвите со состојки кои вие сте ги купиле и кои вие ги контролирате, почнете со само еден оброк во денот. Подоцна кога ќе добиете на вештина и самодоверба преминете на два па на три оброци во денот. Со подготвувањето на оброците, не само што ќе си ја подобрите состојбата на вашето банковно салдо (готовите јадења и брзата храна се скапи), туку и вашето тело ќе ви се заблагодари.

Јадете на маса



Не на каучот, не пред телевизорот и не јадете стоејќи. Седнете на маса и по можност со семејството или пријателите споделете го јадењето. Така повеќе ќе уживате во самата храна, а и нема да бидете во искушение да се прејадувате и да внесувате огромен број на калории. Доколку не сте во можност да јадете со друштво, обидете се да уживате во оброкот во тишина, без да брзате никаде.

Јадете полека



Ова се надоврзува на претходната ставка. Јадењето брзо не е полесно за вашето варење, а исто така и за вашиот организам на долги патеки. Уживајте во секој залак и добро џвакајте го. Не брзајте побрзо да завршите со јадењето, останете на трпезата и подолго ако е потребно.

Секоја недела внесувајте „новитет“ во исхраната



Предизвикувајте се самите себе си. Ако претходно не сте пробале некое овошје, зеленчук, месо или зачин, најдете начин како полека да ги инкорпорирате во оброците. Ако не ги засакате тоа е во ред, но монотонијата во исхраната не е добра за вашиот организам. Не се плашете да пробате нешто ново. Дури и ако не сте ги сакале брокулите како дете, најдете начин како да ги засакате со нивното „криење“ во вашето омилено јадење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби