4 нешта кои луѓето што тагуваат сакаат да ги знаете

Тагата кај луѓето е предизвикана од повеќе причини. Смрт на блиска личност, финансиски проблеми, развод или пак болест.

Таа е универзална, присутна во секој дел од планетата и изолирачка по својата природа од околината. Па, знаејќи ги овие нешта, кои се 4-те нешта кои луѓето кои што тагуваат сакаат да ги знаете?

1. Тагата не е само една емоција. Таа е збир од повеќе емоции



Луѓето кои тагуваат по нешто или некого во исто време не чувствуваат само тага. По веројатно е дека покрај тагата  искусуваат и цел спектар на емоции кои само ја нагласуваат тагата. Загриженост, страв, неспокој, тешкотија, гнев, срам...

На пример, по смртен случај на блиска личност, дури и олеснување. Олеснувањето настанува кратко по заминувањето на саканата личност, но тоа е подоцна проследено со депресија и со тест дали човекот ќе може да се адаптира на ново настанатата ситуација. Да се живее нормален и продуктивен живот без личноста која што ја загубиле.

2. Луѓето тагуваат на различен начин. И тоа е ОК



Тагувањето е „лично патување“. И додека некој во тој процес сака да биде опкружен со пријатели и роднини, друга личност можеби ќе се изолира и ќе тагува сама. Нема правилен или погрешен начин и не треба да ги осудуваме луѓето без разлика кој начин ќе го одберат. Но, ако забележите дека блиската личност посегнува по дрога, алкохол и други пороци, како начин на справување со тагата, обрнете му внимание.

3. Кога тагата е пролонгирана на подол период, тоа се нарекува „комплицирана тага“



Во најголемиот број од случаите, тагата исчезнува без потреба од психијатриска интервенција, но „комплицираната тага“ е поинаков вид на тагување и е потребно да се третира од професионалци.

Симптомите на овој вид тага не се како вообичаените симптоми кои ги искусуваме при трагични настани. Според истражувањата дури 15 % од луѓето искусуваат ваков тип тага. Тоа што можете да го направите за да им помогнете на луѓето со „комплицирана тага“ е да ги поврзете со добар психијатар кој ќе знае како да му пристапи на проблемот.

4. Понекогаш тагата не може да се надмине. Понекогаш таа е чувство со кое луѓето ќе научат да живеат



Понекогаш тагата и сите останати последователни чувства не исчезнуваат засекогаш. Понекогаш дури само сеќавањето или фотографијата од саканата личност е тригер за појава на тагата, и тие тригери ќе се појавуваат до крајот на животот. Па, затоа најдобро е да научите како да живеете прогресивен живот со нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби