НАРУШУВАЊЕ НА РАСПОЛОЖЕНИЕТО

Биполарната болест може да се дијагностицира дури и по 6 години

Биполарното растројство е психијатриска состојба дефинирана како повторувачки епизоди на значително нарушување на расположението. Овие нарушувања може да се случат во еден спектрум, кој се движи од ослабувачка депресија до неконтролирачка манија. Но, првите симптоми во раната фаза на ова растројство многу тешко се дијагностицираат и според дел од истражувањата во психијатриската фела, потребни се дури и 6 години за тоа да се открие.



Зошто е тоа така?

Лицата кои страдаат од психоза полесно може да се дијагностицираат, но лицата кои на пример страдаат од депресивна епизода (половината од самото растројство) најчесто се дијагностицираат како класична клиничка депресија, што е неточно. Клиничката депресија е комплетно друга дијагноза, а не биполарна болест.



Исто така симптомите на промени во расположението кај личноста која боледува од биполарна болест различно се манифестираат кај различни индивидуи. Нивното времетраење е различно, силината со која тие се манифестираат и нивото на психоза. Во случајот кога тие симптоми ги имаат лицата кои се во пубертет, самите симптоми на болеста се занемаруваат и се препишуваат на хормоните и самиот период на пубертет.



Исто така голем дел од долгиот процес на дијагностицирање може да се препише и на фактот дека е потребно долго време да се соберат информации за семејната историја на личноста. Ако има историја на оваа болест во семејството, потребно е да се дадат изјави од блиските роднини не само за тоа, туку и за лицето кое е предмет на анализа за дијагностицирање на оваа болест. Голем дел од блиските роднини и пријатели можат да помогнат за побрзо дијагностицирање на биполарната болест.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби