4 невистини поврзани со вашето здравје

Колку пати досега сте слушнале дека нешто е лошо за вашето тело и сте ја прифатиле гласината, без притоа да ја потврдите со научни факти?

Како и лошите навики, така и медицинските митови, се нешто што лесно го прифаќаме и тешко го отфрламе. Зар не е време да престанете да се грижите и конечно да се соочите со фактите?

Медицински мит: Лошо е да се јаде риба за време на бременоста

Точно е дека постојат определени типови храна кои не се препорачливи да се јадат во текот на бременоста, но тоа не е случај и со рибата. Една неодамнешна студија објавена во American Journal of Epidemiology покажува дека јадењето три порции риба во текот на една недела го зголемува коефициентот на интелигенција на детето. Точно е дека треба да избегнувате риба, но само типови кои содржат високо количество на жива, како сабјарка, ајкула, скуша...

Медицински мит: Градниците со жици предизвикуваат рак

Некои луѓе тврдат дека жицата која се наоѓа под градите врши компресија на лимфниот систем на дојките, при што се концентрираат токсини. Сепак, резултатите од истражувањата се и повеќе од јасни, дека ниту градникот, ниту временскиот период колку што се носи, немаат поврзаност со ракот на дојките.

Медицински мит: Пукањето на прстите води кон артритис



Вистината е дека ако оваа навика не ви предизвикува болка, сè e во ред. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои ги пукаат прстите имаат ист ризик од артритис како и оние кои не го прават тоа.

Медицински мит: Јадењето соја создава проблеми со плодноста

Експериментите направени врз животни покажуваат дека консумацијата на соја може да влијае врз плодноста поради фитоестрогените кои ги содржи, но не постојат цврсти докази дека ова важи и за луѓето. Освен тоа некои истражувања покажуваат дека жените кои консумираат протеини од соја и растенија имаат помалку проблеми со овулацијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби