КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ?

Со неколку зрна грозје до здраво и витално тело

Во време кога пазарите се преполни со најразлични сорти на грозје, добро е да знаете дека со консумирањето на ова овошје му помагате на своето тело да остане здраво и витално.

Грозјето е одличен извор на витамин А, Ц, Б6 и фолна киселина, а воедно содржи и минерали како калциум, калиум, железо, фосфор, магнезиум и селен. Во него може да се најдат и флавоноиди, инаку моќни антиоксиданси, кои ја намалуваат штетата од слободните радикали и стареењето. Зошто треба да јадете грозје?

Болести на срцето – грозјето го зголемува нивото на азотните оксиди во крвта и со тоа спречува создавање на згрутчувања во крвта. Освен тоа антиоксидансите кои ги содржи грозјето ја оневозможуваат оксидацијата на LDL холестеролот, кој ги блокира крвните садови и е главен предизвикувач на најразлични коронарни состојби.

Астма – грозјето лесно може да помогне и во случај на астма. Во прилог на тоа хидратната моќ на грозјето ја зголемува влажноста во белите дробови и ги намалува астматичните напади.

Поздрави коски – содржи микро хранливи материи како бакар, железо и манган, кои се неопходни за цврсти коски. Доколку внесете повеќе грозје во вашиот режим на исхрана, може да спречите појава на остеопороза. Освен тоа манганот е мошне важен за вашето тело бидејќи учествува во повеќе значајни процеси како метаболизмот на протеини, формирањето на колаген и функционирањето на нервниот систем.

Штити од инфекции – црвеното грозје има антибактериски својства кои ве штитат од инфекции. Освен тоа има и антивирусни својства кои штитат од вирусот на детска парализа и од херпес. Истражувањата покажуваат дека сокот од грозје е одличен лек и за бактериски инфекции во стомакот.

Го намалува ризикот од макуларна дегенерација – ова овошје го спечува намалувањето на видот и макуларната дегенерација. Резултатите од студијата спроведена на Универзитетот од Мајами сугерираат дека исхраната богата со грозје спречува најразлични заболувања на ретината. Освен тоа три порции грозје во текот на денот го намалуваат ризикот од макуларна дегенерација за 36 проценти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби