ПОЈАДУВАЈТЕ РАНО, ВЕЖБАЈТЕ И ПИЈТЕ ВОДА

6 совети како да не ја загубите енергијата до крајот на работната недела

Во денешната ера на константен стрес и брз начин на живот, многу побрзо ја губиме енергијата. До крајот на работната недела веќе сме исцрпени, изнемоштени и едноставно не можеме да го дочекаме викендот. Често посегнуваме по енергетските пијалаци и кафето како обид да ја зголемиме енергијата, но како да го направиме тоа на природен начин?



Ова се 6-те совети за да не ја загубите енергијата до крајот на работната недела:

1. Појадувајте рано



Не го одложувајте појадокот. За време на спиењето вашиот организам губи енергија и кога ќе се разбудите треба веднаш да ја надоместите. Најдобро е тоа да го направите со здрав појадок кој ќе ви ги даде потребните витамини, здрави влакна и протеини. Нив ќе ги претворите во енергија не само во текот на остаток од денот, туку и во текот на неделата.

2. Јадете спанаќ



Заменете ја салатата со марула со салата со спанаќ. Наместо да ставате марула во сендвичите, салатите и останатите подготвени јадења, ставете свеж спанаќ. Претходно добро измијте го. Спанаќот ќе ви даде железо, магнезиум и минерали кои му се потребни на вашето тело.

3. Пијте доволно вода



Не овошни сокови, не газирани сокови, не енергетски пијалаци - пијте вода. Водата ќе ви ја даде потребната хидратација во текот на денот, ќе спречи вртоглавици, особено ако имате низок притисок. Пијте вода дури и ако не сте жедни, но веќе ако сакате да конзумирате и други видови на течности обидете се да ги најдете најздравите варијанти. Исто така. јадете многу овошје кое содржи висок процент на вода.

4. Не ги елиминирајте јаглехидратите од исхраната



Тие се еден од главните извори на енергија во дневната исхрана, но ако сте во можност повторно одберете ја поздравата варијанта. Одберете црн леб наместо бел, кафеав ориз наместо бел, тестенини или пекарски производи со интегрално брашно. Не се лишувајте од нив, само заменете ги со поздрави варијанти.

5. Внесувајте железо



На организмот му е потребно железо, а него ќе го најдете во џигерот, леблебијата, житариците, семките од тиква, зрната од соја, гравот, леќата, сусамот, а според голем дел од медицинските лица жените треба да го внесуваат железото двојно повеќе од мажите.

6. Вежбајте



Физичката активност без разлика во која форма ја практикувате, ќе ви го подобри крвотокот и ќе ви донесе енергија. Џогирање, теретана, танцување што и да е. Обидете се омилената активност да ја практикувате секој ден дури и кога сметате дека немате ниту грам мотивација, барем 30 минути, ако не сте во можност цели 60 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби