Второ издание на Health, Fitness & Wellness Expo

Време е за враќање во форма! Летото полека ни заминува, па со завршувањето на сите летни активности кои ни го одвлекуваа вниманието, време е во фокус да се стави градењето на здрави животни навики. Затоа, со нетрпение го очекуваме викендот 23-25 септември!

HFW Expo - Единствениот настан каде ќе имаме прилика на едно место да се информираме за најквалитетните и најновите содржини поврзани со фитнесот, здравјето и здравата храна, негата и грижата за телото и духот. Само еден викенд секоја година, не ја пропуштајте единствената прилика да се информирате за сите најнови програми за вежбање, да дегустирате и припремате вкусна, здрава и органска храна, да испробате голем број на спортски и фитнес активности, но и разни третмани и масажи, да добиете совети за подобро здравје од врвни специјалисти и при тоа - максимално да се забавувате.



Денес, ексклузивно ги објавуваме сите (над 50) учесници од областа на здравјето, фитнесот и велнесот кои на посетителите ќе им понудат разни промоции, дегустации, наградни игри и многу други изненадувања.

Не пропуштајте да се приклучите на богатата интерактивна и едукативна програма со преку 30 работилници, тренинзи, настапи и предавања.

Здравиот животен стил не познава граници! Овој настан е создаден за сите, од најмладите до највозрасните посетители, без разлика дали професионалци или рекреативци и ентузијасти, буквално за секој кој се води по мотото "во здраво тело - здрав дух" и се грижи за своето здравје и благосостојба.

Супер новост и за сите родители – дојдете со вашите најмили бидејќи настанот ветува забава за целото семејство! На настанот ќе има и специјално осмислен Kids Corner, со интересни работилници со стручни и професионални тимови, кои ќе имаат за цел преку игра и забава да ги едуцираат дечињата за важноста на стекнувањето здрави навики од најрана возраст.

Ексклузивно само на отворањето на Health, Fitness & Wellness Expo (23.09.2016 во 17:30ч) ќе настапи трократниот првак во Slackline од Шпанија – Карлос Мерајо Гарсија. Slackline е веќе добро развиена дисциплина ширум светот, во која постојат натпревари и спортисти кои професионално се занимаваат со неа, а во чекор со светските трендови, кај нас за прв пат ни јас овозможува Sport Inn центарот, односно Gibbon Slacklines Macedonia.

Ве покануваме сите на големото отворање на 23.09. во 17:30 во Хотел Александар Палас, да го проследиме заедно фантастичниот настап на Карлос.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби