Неколку начини да станете отпорни на стресот

Со доаѓањето на месец септември, замина летното опуштање и безгрижност. Тоа е месецот кога децата се враќаат назад во училишните клупи, кога колегите на работа се враќаат од одмор и кога започнуваат новите обврски и давачки.



Како да станете отпорни на стресот после летните безгрижни месеци?

1. Препознајте ги тригерите и симптомите



Проценете ја ситуацијата на стресот и откријте што го предизвикува. Кога во текот на денот почнувате да се нервирате и што е тоа што ве нервира? Дали е тоа кога треба да ги земете децата од училиште или пред некој важен состанок на работа? Запишете ги тригерите, симптомите и од таму започнете да го надминувате стресот.

2. Анализирајте ги емоциите да го откриете коренот на проблемот



Ако станува збор за некој поголем проблем кој ве мачи, дојдете до коренот на истиот за да го надминете, но анализирајте ги и емоциите кои ги имате додека размислувате за проблемот.

3. Истерајте ги негативните мисли од главата пред да започнете да се нервирате



Нашите мисли не се секогаш позитивни и токму тие негативни мисли предизвикуваат стресот не само да настане туку и да се зголеми со текот на времето. Истерајте ги негативните мисли од главата за почетокот. Тие само ќе направат повеќе зло отколку добро и кој знае со тоа што ќе ги елиминирате ќе направите и стресот да се намали.

4. Дишете длабоко



Дишењето е особено важно при справувањето со стресот. Особено правилното дишење. Земете длабок здив и убаво издишете. Техниката повторете ја колку што е потребно и додека не исчезне чувството на стрес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби