Кога ни треба масажа, а кога физикална терапија?

Масажите се можеби едни од најдобрите третмани за нашето тело, бидејќи нè ослободуваат од физичката болка и нè опуштаат, па веднаш се чувствуваме релаксирано.

По напорниот ден често знаеме да се пожалиме дека сме мошне уморни, а телото е желно за одмор. Тоа е само реакција на нашето ткиво, кое ги врши сите телесни функции и ја прима секоја физичка, вербална или ментална информација.



Во ткивата сè треба да се амортизира или истото може да пукне, па често да се соочиме со повреден мускул, тетива или коска која треба да заздрави. Ткивото потребно е да се допира, да се масира и токму затоа ни доаѓа убаво кога чувствуваме движења низ нашето тело. Масажата релаксира, смирува, ги ослободува блокадите, ја поправа циркулацијата и го зајакнува нашето тело.

Сепак, личностите кои имаат некои поразлични симптоми, со една обична масажа нема да го решат проблемот. Симптомите ни покажуваат дека треба да одмориме, да го процениме проблемот и да преземеме некоја акција со која ќе му помогнеме на телото за подобро да функционира. За квалитетна и здрава мобилност, потребно е да посетите физиотерапевт.



Ако се двоумите дали треба да одите на обична масажа или на физиотерапија, забележете ја левата и десната страна на делот од телото каде што се јавува болката и напнатоста. Погледнете дали:

  • И двата зглоба се на иста висина
  • И двете капачиња на колената се свртени нанапред
  • И левата и десната страна на карличната коска се на иста висина
  • Едното рамо ви е повисоко од другото
  • Дланките се свртени наназад
  • Ја туркате главата нанапред или на едната страна?

Токму сите овие позиции може да бидат показател на промена која води кон поставување на дијагноза. Вашиот физиотерапевт по преценката на целокупното тело, може да предложи една мануелна техника и масажа, но само како додаток на специјалните техники кои ги ослободуваат блокадите на ткивото, зглобното или нервното ниво.

Мора да ги забележите побрзо овие симптоми, токму поради тоа што може да се соочите со уште поголеми потешкотии од болката. Може да имате намалена концентрација, главоболка, намален вид, зуење во уши, лоша циркулација, забрзано срцебиење, хормонални проблеми, дијабетес, гинеколошки проблеми, па дури и импотенција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби