МЕДИТИРАЈТЕ, ВЕЖБАЈТЕ, НАСПИЈТЕ СЕ

Неколку тајни за поголема самоконтрола

Самоконтролата е вештина која секој од нас се труди да ја практикува во секојдневието. Без разлика дали самоконтролата е наменета за да не избувнеме во тензични ситуации или пак да не се предадеме на искушенијата.



Кои се тајните за поголема самоконтрола кои треба да ги знаеме?

1. Медитирајте



Медитацијата всушност го тренира вашиот мозок како да стане „машина за самоконтрола“. Нема да ви одземе повеќе од 5 минути во денот, а за почеток фокусирајте се на дишењето, но и на способноста вашиот мозок да се справи со ситуацијата на конструктивен начин.

2. Јадете



Овој совет е деструктивен ако имате проблем со тежината, но одличен во сите други ситуации. Ако ви е паднат шеќерот ќе имате проблем со донесување одлуки во таа состојба. Па затоа каснете нешто и ќе се повратите во првобитната состојба. Ќе можете подобро да функционирате и да донесувате разумни одлуки со балансирано ниво на шеќер.

3. Вежбајте



Мислиме на физичка активност. Ако не сте во можност да се зачлените во теретана или на пилатес часови, одржувајте ја физичката активност на друг начин. Пешачете или џогирајте во природа бидејќи физичкото здравје е важно за одржувањето на добрата самоконтрола.

4. Наспијте се



Ако не сте доволно наспани вашиот мозок ќе има потешкотии во процесирањето на стресот и донесувањето на добри одлуки. Ќе бидете во раздразливо расположение ако не сте наспани, па затоа погрижете се да добиете доволно сон во текот на ноќта.

5. Бројте до 10



Пред да избувнете во било која ситуација бројте до 10. Броењето ќе ви го даде времето да се смирите и  ситуацијата да не ексалира во понатамошен стрес скандал.

6. Простете си на себе си



Учењето на самоконтрола е процес кој трае и често ќе наидеме на пречки. Ќе се најдеме во ситуации кога нема да успееме да воспоставиме самоконтрола и во тој момент е важно да си простиме на себе си за тоа. Себе простувањето е особено важно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби