5 промени на косата кои укажуваат на здравствен проблем

Без разлика дали сте од оние кои сакаат секојдневно да имаат убава фризура или пак само се зачешлувате пред да излезете од дома, треба да знаете дека состојбата во која се наоѓа вашата коса, многу открива за вашето здравје.

Косата постојно ви паѓа

Жените во просек дневно губат околу 100 влакна, што е сосема нормална појава. Но, ако забележите дека косата почнала значително да ви опаѓа решението за проблемот побарајте го на лекар. Претераното опаѓање на коса најчесто сугерира на тоа дека дошло до хормонален дисбаланс во телото, но и на болести поврзани со штитната жлезда. Опаѓањето може да биде предизвикано и од недостаток на минерали како железо и цинк, како и од користење на определени лекови.

Тенки и слаби влакна

Кога влакната на косата ви биле дебели и цврсти, за по некое време да ја загубат својата цврстина, тоа може да укажува на болест на штитната жлезда што настанува поради намалено лачење на хормони. Структурата на косата може да се смени и како резултат на стрес. Поради стресот косата расте побавно, губи сјај и станува сува. Стресот предизвикува задржување на натриумот кој се акумулира околу фоликулата на влакното при што тоа не може да ги добие неопходните хранливи материи.

Прерано побелување на косата

Доколку имате помалку од 35 години и полно седи влакна најверојатно имате недостаток од витамин Б12 и Б9. Менувањето на бојата на косата на рана возраст може да биде последица и на слаба крв, проблеми со бубрезите, но и на кожни болести.

Лесно кршливи влакна

Влакната содржат кератин кој е протеинска материја, па доколку исхраната не ви е богата со протеини истите може да започнат да пукаат. Кршливата коса се јавува и како резултат на исхрана слаба со јаглехидрати. Уште еден причинител за кршливост е и недостатокот од витамините A и биотин.

Коса што паѓа во прамени

Отпаѓањето на мали прамени од косата може да е последица на алопеција ареата, автоимуна болест прeдизвикана од големи промени во организмот. Не ретко прамените коса паѓаат и поради цитостатици, антидепресиви, лекови за намалување на холестеролот и високиот притисок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби