Најлошите грешки кои ги правите на вашата кожа

Кога станува збор за кожата, сите слушаме различни совети и на крај ги применуваме оние на кои сме навикнале. Ретко кога менуваме некои навики, но навистина треба да посветиме внимание што е добро, а што не за нашата кожа. Погледнете ги следните грешки и потрудете се да не ги применувате:

Заборавате да употребите крем со заштитен фактор, дури и во есен и зима



УВА зраците се штетни дури и кога времето е ладно, иако се најсилни за време на летниот период. Мора да ја заштитиме кожата од штетното влијание на овие зраци, бидејќи во спротивно многу порано ќе ни се појават несаканите брчки и кафени дамки. Секој ден ставајте крем со заштитен фактор и нема повеќе да се загрижувате за појава на брчки.

Долги и жешки туширања



Долгите туширања може да направат чуда за мускулите и расположението, но кожата може да ја направат многу сува. Жешката вода ги отвора порите, но ако туширањето трае предолго може да ја измие и природната текстура на кожата, со што истата ќе стане црвена. Нанесувајте лосион по туширањето и потрудете се истото да биде побрзо.

Претерано правење пилинг



Пилингот ги отстранува мртвите клетки на кожата и ја прави истата помазна. Но, можно е да претерате со пилингот и да ги извадите дури и оние природни состојки кои кожата мора да ги содржи. Ако кожата започне да ви изгледа како да е воспалена, намалете со пилингот.

Спиете малку



Невозможно е да имате убава и сјајна кожа ако не спиете доволно. Додека спиеме кожата се регенерира, односно старите клетки се заменуваат со нови и поради тоа изгледаме поубаво кога сме повеќе наспани. Нема одредено колку точно часови сон е добро да се практикуваат, но нормално е да се спие по 8 часа за да сте ем одморени ем убави.

Си легнувате без да го измиете лицето



Идеално за лицето е да го миете кога ќе станете и пред да си легнете. Но, со оглед на обврските многу малку жени го мијат лицето пред да си легнат. Спиењето со шминка ги блокира порите да дишат и се запушуваат многу брзо. Токму поради тоа секогаш, ама баш секогаш мијте го лицето пред спиење!

Посетувате солариум



Многу луѓе веруваат дека солариумот е здрав начин да ја заштитите кожата од горење на сонце. Но, зраците во солариумот се за 12 пати појаки од оние на сонцето, што значи дека поголеми шанси имате за да предизвикате рак на кожа. И заборавете на тоа дека не може да изгорите на солариум. Едно истражување открило дека речиси 20% од сите сесии резултирале со изгорување, а и шансите за развивање меланом се зголемени на 20%.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби