ПАТИТЕ ЛИ ОД DSS?

Разводот го зема својот данок од вашето здравје

Од ден на ден разводот станува сè почеста појава, а со него и таканаречениот DSS-синдром. Разделувањето на брачните партнери предизвикува емотивна болка, но не ретко се манифестира и на физичко ниво.

Шарлот Фридаман, терапевт од британската Divorce Support група, вели дека сè повеќе луѓе патат од стрес синдромот предизвикан од разводот.

-Речиси сите луѓе со кои се среќавам имаат симптоми на стрес, лошо расположение, депресија и несоница. Околу 60 проценти страдаат од мигрена, егзема или болки во грбот – што е резултат на мускулна тензија, вели таа.

Една неодамнешна студија направена од универзитетот во Мичиген покажува дека кај луѓето кои се определиле за развод се забележува брзо влошување на здравјето, за разлика од кај оние кои останале со своите партнери. И додека мажите се оние кои патат на долг рок, жените имаат сериозни последици на кратки патеки. Здравјето се вложува како резултат на стрес и тага.

Во САД конфликтните разводи се класифицирани како причина за PTSD или пост-трауматично стрес пореметување, кое се јавува и кај жртви на несреќи или војници во воени зони.

Жените патат од PTSD двојно повеќе од мажите и имаат симптоми како флешбекови, необично однесување, зголемена анксиозност, несоница и психосоматски болести. Дури и оние жени кои самоиницијативно решиле да ја напуштат брачната заедница чувствуваат празнина и грижа на совест.

-Бракот можеби бил несреќен, но тоа сепак е загуба со која треба да се справите, вели Фридаман.

Доктор Дејвид Пастрана, професор од Аризона потенцира дека разводот може да ги повреди луѓето повеќе отколку што можат да претпостават.

-Како што тагувате по некој кој починал, така покажувате тага и за време на разводот. Препознавањето на овие чувства и прифаќањето дека мора да поминете низ транзиционен процес на заздравување е првото нешто што треба да го направите. Откако ќе го сфатите тоа, можете да започнете со надминување на препреките, објаснува тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби