ЌЕ СЕ ЗАЧУДИТЕ

Што се случува со телото кога вежбате само 30 минути на ден?

Редовното спортување и вежбање воопшто не е тешко како што мислите на почеток.

Тешко е да се донесе одлука и да се влезе во теретана, фитнес сала или пак да се излезе на трчање, но откако ќе ја поминете првата недела на редовни тренинзи, веднаш ќе се почувствувате многу подобро.

Зошто е тоа така? Што му прави вежбањето на нашето тело и организам што ние се чувствуваме толку добро?



За време на вежбањето:

  • Метаболизмот работи забрзано
  • Подобрен е крвотокот
  • Нивото на кислород се зголемува од 8 литри (за време на одмарање) до 100 литри во минута
  • Подобрениот крвоток им овозможува на клетките да примаат повеќе кислород и хранливи материи од крвта

По тренингот:

  • Телото почнува да ги прима протеините и јаглехидратите четири пати побрзо, што значи дека побрзо се намалува телесната тежина
  • Мозокот почнува да ослободува повеќе ендорфин со што се подобрува расположението

Неколку часови по вежбањето:

  • Имате поголема самодоверба и се зголемува самопочитта
  • Се нормализира крвниот притисок
  • Спиете подобро и квалитетот на сонот е подобар

По неколку недели редовно тренирање:

  • Работата на белите дробови се подобрува
  • Срцето и крвните садови работат подобро
  • Се подобрува нивото на хемоглобин во крвта, односно бројот на црвени крвни клетки по кубен милиметар во крвта се зголемува од 5 милиони на 6 милиони
  • Имунолошкиот систем е појак, со тоа што нивото на лимфоцити во крвта се зголемува
  • Телото го регулира нивото на шеќер и други супстанци во крвта
  • Телото апсорбира помалку масти

По неколку месеци редовно вежбање:

  • Не реагирате толку стресно и помали се шансите да подлегнете на депресија и на чести промени во расположението
  • Кислородот се префрла во мускулите подобро
  • Подобрената координација во движењата ви помага да се зацврсти нервниот систем. Брзината на нервниот импулс е забрзана, со што се подобрува и мозочната активност и донесуваме одлуки многу побрзо
  • Се зајакнува мускулно-скелетниот систем на телото, што значи дека имаме појаки мускули и посилни коски

По неколку години редовен тренинг:

  • Се чувствувате и изгледате помладо



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби