РЕДОВНИ ВЕЖБИ - НО БЕЗ РЕЗУЛТАТИ?

Основни грешки кои ги правите при вежбање

Правењето мускули и зајакнувањето на телото се чувствува веднаш штом почнете да вежбате. Но, мускулите може да се навикнат на одредени вежби и повеќе да не покажуваат резултати.

- Вашите мускули поминуваат низ тренинг, па сè што правите го зајакнува телото. Но, мускулите мора да се адаптираат, па мора да тренирате паметно за да имате резултати, советува тренерот Мајк Бојл, кој има своја фитнес сала.

Многумина од нас искусиле период на тренирање, во кој нема никакви резултати. Ако сакате да имате успех, мора да ги предизвикувате вашите мускули на нови и иновативни начини. Започнете со избегнување на овие грешки:

Грешка број 1: Не ги тренирате нозете



Многу луѓе се повеќе ги вежбаат горните мускули, односно градите и рацете, но најјаките мускули не се во горниот дел, туку во долниот. Преку тренирање на нозете и задникот, се ослободуваат хормони кои што го зајакнуваат целото тело. За почеток, почнете да правите клекнувања и исчекори, а потоа преминете на вежби за нозе.

Грешка број 2: Трчате многу



- Трчањето долги километри не е губење време, но е приближно на тоа, вели Мајк.

Ова е вака затоа што вашето тело се адаптира брзо на повторувачкото движење и преку трчањето не се активираат потребните влакна за слабеење и за зајакнување на мускулите. Нареден пат трчајте 30 секунди, а потоа одмарајте една минута. Постапката повторете ја 10 пати, со што ќе ги зголемите вашите аеробни способности кои се одлично кардио.

Грешка број 3: Кревате многу бавно



Со брзи дигања се доаѓа до брзи резултати. Зошто?

- Побрзо се активираат влакната кои ги зголемуваат вашите мускули. Нареден пат кревајте побрзо, а со тоа и ќе ви се зголеми срцебиењето и ќе почнете полека да ги намалувате килограмите.

Грешка број 4: Долго време останувате во вашата комфорна зона



Не треба да го вежбате само она што знаете да го вежбате. Вистинските спортисти не го практикуваат тоа, туку работат на своите слабости.

-Почесто практикувајте сложени вежби, како што е кревањето шипка и кревањето на вашето тело на шипка. Ова се едни од најтешките вежби кои што мора да ги практикувате, ако сакате да имате резултати, додава Мајк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби