НЕ ВЕРУВАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Факти за телото кои се митови: Витамините ни го одржуваат здравјето

Постојат премногу (не)вистини за нашето тело што веќе не знаеме во што да веруваме. Некои од нив се докажани факти, а други пак само митови. Во што не треба да веруваме?

Мит 1: Витамините ни го одржуваат здравјето



Не верувајте дека со една таблета ќе ви се подобри здравјето. Витамините само ги регулираат процесите во нашите тела и мора да сме внимателни кога ги земаме како таблети, бидејќи ако претераме со дозата може да направиме повеќе штета отколку придобивка.

Мит 2: Деоксигенираната крв има сина боја

Крвта која има недостиг од кислород и се испумпува преку вените, дефинитивно нема сина боја, туку темно црвена. Во училишните книги, обоена е сино за да се означи контрастот со оксигенираната крв. Вените на кожата се сини затоа што светлината се прекршува врз нив.

Мит 3: Кафеавиот шеќер е поздрав од белиот шеќер



Всушност, кафеавиот и белиот шеќер се слични. Се разликуваат во користењето на сирупот, кој му дава потемна боја на кафеавиот шеќер. Исто така тој се смета за поздрав бидејќи не е толку благ како белиот, со оглед на поголемото количество на вода.

Мит 4: Алкохолот ги убива клетките во мозокот

Големото количество на алкохол влијае врз процесите на телото и може да доведе до недостаток од кислород. Ова може да им наштети на врската меѓу мозочните клетки, но не им прави ништо на клетките, односно не ги убива како што се смета.

Мит 5: Шеќерот ги прави децата хиперактивни



Шеќерот не ги прави хиперактивни децата. Содржи калории, а калориите се енергија. Па, кога некое дете јаде многу благо, енергијата едноставно излегува од нив. Но, запомнете дека шеќерот им штети на забите.

Мит 6: Нервните клетки не се регенерираат

Умирањето на нервните клетки е постојан и природен процес. Новите клетки се појавуваат во различни делови од мозокот. Кога личноста е под стрес, хемикалиите прават да функционираат овие клетки и да бидат интерактивни меѓусебно.

Мит 7: Левата хемисфера на мозокот е извор на креативноста, а десната на логичноста



Точно е дека левата хемисфера е одговорна за одредени функции, а десната за други. Но, научниците се уште трагаат по луѓе чија една страна од мозокот е поразвиена. Всушност, неколку делови од мозокот кои служат како извор на креативноста, се лоцирани и во двете хемисфери од мозокот.

Мит 8: Потребни ни се 8 часа сон

Сите знаеме дека треба да спиеме по 8 часа навечер, сепак на многу луѓе им се разликуваат часовите на сон кои им се потребни за да функционираат нормално и да немаат проблеми со здравјето. Некои спијат само 6 часа бидејќи тоа им е доволно и изморени се ако спијат 9 часа.

Мит 9: Антибиотиците ги убиваат вирусите



Антибиотиците ги убиваат бактериите. Грипот е предизвикан од вируси кои не реагираат на антибиотици. Во овој случај, тие не влијаат. Тоа е исто како да си залепите ханзапласт на чело кога ве боли глава.

Мит 10: Чоколадото создава црнки на лицето

Научниците направија еден експеримент со што на неколку луѓе им дадоа да јадат 10 пати појако чоколадо од обичното. Кога го споредија бројот на црнки кои ги имале пред и по експериментот, не открија никакви разлики. Значи, чоколадото не создава црнки на лицето.

Мит 11: Шеќерот создава зависност

Во 2009 година, едни научници извршија експеримент врз глувци кои неколку дена ги ранеле со големо количество шеќер. Откако ја поминале исхраната, се покажало дека тие не можат да живеат без шеќер. Сепак, откако експериментот бил применет врз луѓето, ова не се случило, што значи дека не постои зависност од шеќер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби