„Здрави“ навики кои се сè, само не здрави

Не сè што ќе ви кажат или ќе прочитате дека е здраво, значи и дека е навистина здраво за секого, особено доколку се консумира на погрешен начин или во погрешни количини. Најлошо, пак, е следење на одредени „здрави“ трендови само колку да се биде „ин“, кои често пати можат повеќе да ви наштетат отколку да ви помогнат да го подобрите здравјето, да ослабете и сл. Еве на што треба да обрнете внимание:

1) Јадење храна без глутен, иако не сте алергични или осетливи на него

Безглутенската диета е во тренд, но огромен процент од оние кои ја применуваат апсолутно немаат потреба од тоа, бидејќи ги немаат сериозните медицински состојби кај кои таа е задолжителна, како што се Кроновата и целијачната болест. Голем дел од продуктите без глутен имаат многу повеќе калории отколку нивните „обични“ верзии, што значи дека со нив можете дури и да ја зголемите телесната тежина.

2) Диети со минимален внес на јаглени хидрати

Јаглените хидрати се значаен извор на енергија за вашето тело, а многумина веруваат дека доколку комплетно ги исфрлат, или ги внесуваат во минимални количини, ќе ослабат. Тоа донекаде е точно, но со значајни несакани последици – нивното елиминирање само ќе направи дефицит на важни хранливи состојки во организмот, како што се Б витамини, фолати, диетални влакна и сл., и ќе доведе до прекумерно јадење откога таквата диета ќе се запре. Клучот е во балансирана исхрана, а не во гладување.

3) Пиење исклучиво на здрави смутија

Смутијата секако дека се здрави, но доколку целата исхрана ја базирате на нив и ги исфрлите цврстите јадења, ќе го постигнете спротивниот ефект од оној што сакате, а тоа е поздраво тело. Смутијата кои содржат само овошје и овошен сок се во суштина десерти, бидејќи се полни со шеќер. За вистинско здраво смути, мешајте и зеленчук, и додавајте обичен јогурт наместо овошен, или млеко, кокосова или обична вода наместо овошен сок.

4) Станување вегетаријанец или веган само поради слабеење

Многумина мислат дека ако се префрлат на вегетаријанска или веганска исхрана, тоа автоматски значи дека ќе слабеат. Исто како и кај „обичната“ храна, и кај оваа постои „џанк-фуд“ кој е подеднакво штетен за организмот, особено сè што е пржено и содржи процесирани состојки, како сојата. Голем дел од вегетаријанските/вегански диети се и многу калорични, бидејќи голем дел од продуктите содржат разни семки и мешункасти плодови кои содржат многу калории. Доколку се решите за ваков режим на исхрана, задолжително информирајте се околу нутритивните вредности на она што го внесувате.

5) Пијалаци и диети за “детоксификација„

Детокс пијалаците и диетите не се ништо повеќе отколку маркетиншки тренд кој не само што штети за вашиот паричник, но и на телото.

Човечкото тело само по себе си има систем за детоксификација - црниот дроб и бубрезите, преку кои што се ослободува од токсините преку урината, изметот и потта. Ништо што ќе внесете во вас во форма на „детокс шејк“ нема да го смени овој процес кој и без тоа ќе се одвива со исто темпо – напротив, во зависност од траењето на „детоксот“, вашето тело ќе има дефицит од хранливи состојки кој што може комплетно да го „изремети“ метаболизмот.

Подобра солуција е да се јаде балансирана, здрава исхрана, да се пие многу вода и комплетно да се исфрли процесираната храна и шеќерите.

6) Нејадење на жолчката од јајцата

Застареното мислење дека жолчката од јајцата содржи штетен холестерол воопшто не е точно – во денешно време е докажано дека холестеролот и заситените масти во неа се здрави. Покрај тоа, половината од протеините од јајцето се во жолчката, која е полна и со железо, витамини А и Д, и холин – „член“ на фамилијата Б-комплекс витамини, задолжен за синтеза и пренос на липидите, и создавање на клеточни мембрани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби