10 начини да се натерате редовно да вежбате

Повеќето од нас поголем дел од денот го поминуваат во седење – во автомобил кога се оди на работа, таму уште 6 до 8 часа, повторно во автомобил до дома... А откога веќе удобно сте се испружиле на каучот, тешко е да се натерате да мрднете на трчање, аеробик, теретана и сл. Еве 10 начини како да се натерате редовно да вежбате и да не се „улежите„

1) Во недела, испланирајте го неделниот план за вежбање, за точно да знаете што треба да правите. Со ова ќе ги избегнете двоумењата од типот „што имам за вежбање денес, дали да одам до теретана или само да возам велосипед“ и сл., а ќе имате и алтернативни планови доколку, на пример, сте планирале да вежбате надвор некој ден, но баш тогаш заврнува.

2) Уплатете цел месец теретана, аеробик, зумба или што и да посетувате – многу потешко е да прескокнете тренинг откога веќе имате платено за него.

3) Спремете сè што ви е потребно за вежбање од претходната вечер, вклучувајќи ја облеката, евентуално и храната за пред/после тренинг.

4) Доколку немате премногу време, задоволете се и со пократок тренинг – и 15 минути се подобри отколку воопшто да не извежбате. На интернет „врие“ од HIIT вежби со висок интензитет кои се прават кратко а горат голем број на калории.

5) Дури и кога апсолутно не ви се вежба дента (времето е премногу лошо да отидете до теретана, или е едноставно „еден од тие денови“, натерајте се извежбате нешто по дома барем 5 минути – големи се шансите откога ќе се размрдате и загреете, да го продолжите тренингот и денот да не ви „пропадне“.

6) Пронајдете пријател со кого ќе вежбате – многу потешко ќе се одлучите да не отидете на тренинг ако веќе сте се договориле со некого, а ќе имате и личност која ќе ве мотивира (и вие неа) за да си го подобрите здравјето и телото.

7) Вежбајте во ист период од денот, со што ќе ви премине во навика и нема толку да го чувствувате вежбањето како обврска

8) Зацртајте си одредена цел што ќе ве мотивира, без разлика колку е мала или голема – тоа може да бидат 20 склекови секој ден најмалку една недела, или можеби тренирање за да сте способни да истрчате еден полу-маратон.

9) Наградувајте се! За секоја успешно остварена зацртана цел, доколку сте во можност, почестете се нешто што одамна сте го посакувале – можеби ново парче спортска опрема (дрес, патики), или нешто ситно како парче чоколадо кое ви е омилено ама со месеци не сте го пробале, или ручек/вечера во омилениот ресторан.

10) Споделувајте ги вежбите на социјалните медиуми, доколку имате пријатели кои тоа би ги интересирало – нивниот позитивен фидбек има шанси да ве мотивира и во деновите кога нема баш да ви се вежба, а можете да добиете и разни совети кои ќе ви помогнат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби