Кој е подобар начин за трчање – на лента или на отворено?

Некои претпочитаат трчање исклучиво на лента во теретана, некои на отворено (низ улици, кеј, патеки за трчање и сл.), додека некои ги комбинираат и двата начина. Секој од овие начини има свои добри и лоши страни, кога станува збор за кардио тренингот.

Трчањето на отворено е повеќе предизвикувачки бидејќи површината е нерамна и често пати неочекувано се менува, а за него е потребна и поголема кондиција поради поголемото трошење на кислород во споредба со трчањето на затворено. Од друга страна, пак, трчањето на лента во теретана нуди стабилна површина и околина, како и можност прецизно да ја контролирате брзината со која трчате.

Добрите и лоши страни се следните:

Трчање на отворено: бесплатно е, и е одлична можност да поминете време на свеж воздух и притоа да вежбате. Поради ветровите и останатите временски услови, телото барa многу повеќе напор и кислород, што од една страна може да ве забави и премори, но од друга страна, пак, помага при слабеењето.

Трчање на лента: предизвикува помало оштетување на зглобовите и го намалува ризикот од повреди во споредба со она на отворено, а трчањето со побрзо темпо може да биде асистирано од појасот кои некои ленти го имаат, што овозможува одржување на големата брзина. Бидејќи се трча на затворено, побарувачката за кислород е помала па така за да изгубите еднаков број на калории во споредба со трчањето надвор (на рамно), ќе биде потребно да трчате подолг временски период. За поголема потрошувачка на калории, ќе биде потребно да ја зголемувате закосеноста на лентата или брзината на трчање.

За да се осигурате дека телото нема бргу да се адаптира на вашата кардио рутина, најдобро е да ги комбинирате и двата типа на трчање и постојано да си поставувате нови предизвици (поголема „километража“, брзина, време на трчање и сл.)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби