Недостатокот на сон делува врз стомачните бактерии

Студии покажале дека недостатокот на спиење може да има сериозни последици, вклучувајќи го зголемениот ризик од мозочен удар, болести на срцето, дијабетес, прекумерна тежина, па дури и одредени типови на рак.

На експертите сè уште не им е потполно јасна поврзаноста на сите овие состојби со неспиењето, но нова студија објавена месецов вели дека тоа може да предизвика и промени во стомачните бактерии, што би можело да го измени метаболизмот.

Стомачните микроорганизми помагаат во одржување на нормалната состојба на метаболизмот, имунолошкиот систем и другите телесни функции, па оваа студија сугерира дека недоволното спиење може да ги направи овие бактерии нездрави.

Во студијата учествувале 9 индивидуи кои поминале 2 ноќи спиејќи во лабораторија во траење од 8 и пол часа, а потоа уште 2 ноќи кога спиеле само 4 и пол часа.

Податоците покажале дека недостатокот од сон ги променил нивоата на специфична нишка бактерии, чиј број се намалил за скоро 50 и тоа само по 2 ноќи неспиење.

Овие сознанија се значајни бидејќи лошиот баланс на бактериите во стомакот е еден од поголемите фактори кои предизвикуваат зголемена тежина кај некои индивидуи. И не само тоа – соодносот на специфичните нишки на бактерии кај оние кои недоволно спиеле бил идентичен како оној кој го имале луѓе со преголема телесна тежина или со други болести поврзани со метаболизмот.

Исто така, индивидуите кои помалку спиеле биле за 20% помалку осетливи на ефектите на инсулинот, што претставува потенцијален ризик за дијабетес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби