ПРЕКУМЕРЕНА ТЕЖИНА

Дали имате недостаток од витамин Д?

Додека го поминуваме времето обидувајќи се да се справиме со студот и снегот кои ги донесе зимата, малкумина од нас помислуваат на тоа дека имаат недостатокот од витамин Д.

Сепак, симптомите како замор и болка во мускулите се само еден од најочигледните знаци дека нашето тело останало со мали количини од „сончевиот витамин“. Неговиот недостаток може да предизвика најразлични проблеми во телото и тоа:

1) Прекумерна тежина

Мажите, жените и децата со преголема телесна тежина имаат 35% шанси да имаат и недостаток на витамин Д во споредба со луѓето со нормална тежина. Причината за тоа е што прекумерната тежина ја лимитира способноста на телото да го користи витаминот Д внесен преку исхрана или од сонцето, бидејќи масните клетки ги задржуваат витамините и не ги ослободуваат ефикасно во организмот за тој да ги обработи.

2) Отпорност на инсулин и дијабетес

Отпорноста на инсулин води до зголемување на гликозата во крвта на дијабетичарите, а е поврзана со недостаток на витаминот Д веќе подолго време. Инаку, неколку помалечки студии покажале дека суплементација со овој витамин не ја зголемува чувствителноста на инсулин кај здравите луѓе кои немаат дијабетес. Дијабетичарите, пак, имаат значително пониски нивоа на витаминот Д, што се должи на поврзаноста со прекумерна тежина и метаболичките пореметувања.

3) Болести на срцето

Студија од 2009-та покажала дека субјектите со екстремно ниски дози на витамин Д имале 3 пати поголема шанса да умрат од откажување на срцето, и 5 пати поголема шанса тоа да се случи од ненадеен срцев удар. Меѓутоа, експертите велат дека сè уште нема доволно докази за директна поврзаност на поголема концентрација на витамин Д во организмот со намалување на ризикот од кардиоваскуларни пореметувања, така што е прерано да се заклучи дали земање на суплементи со овој витамин би можел да го подобри здравјето на срцето.

4) Предвремено пораѓање

Резултатите од студија направена врз повеќе од 2000 трудници покажале дека оние кои имале високи нивоа на витамин Д, имале помал ризик од пораѓање пред истекот на 37 недели. Се смета дека витаминот има заштитнички ефект со тоа што ги редуцира бактериските инфекции во плацентата, што можат да предизвикаат предвремено пораѓање.

5) Болести на непцата и губиток на забите

Витаминот Д има клучна улога во заштитата на забите како што старееме. Разни истражувања покажале дека оние со поголеми нивоа на витаминот имале помали шанси за паѓање на забите, како и дека постои поврзаност со болестите на непцата кај оние кои имаат дефицит од него.

6) Еректилна дисфункција

Според истражување од 2015-та, мажите кои имале дефицит од витамин Д имале 32% поголеми шанси да развијат еректилна дисфункција. Авторите на студијата велат дека резултатите го рефлектираат ефектот кој витаминот го има на васкуларната функција, вклучувајќи ги и крвните садови кои носат крв кон гениталиите.

7) Рак на панкреас, простата, црева и гради

Сите овие заболувања се смета дека на некој начин се поврзани со недостатокот на витамин Д – на пр. 60% пациенти со рак на простата кои добивале дополнителни дози од витаминот секој ден, покажале значително подобрување на состојбата.

8) Алцхајмерова болест и деменција

Разни студии ја докажале поврзаноста на ниското ниво на витамин Д со абнормалностите во структурата на мозокот, когнитивниот пад, и деменцијата. Во тек се истражувања кои ќе покажат дали суплементација со витаминот може да понуди некаков вид на превенција, или третман од овие заболувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби