Положбата во која спиете влијае врз вашето здравје

Спиењето е природна состојба, дел од биолошкиот ритам, кој циклички се менува преку стадиумот на будност. За време на спиењето, телото мирува, свеста одмара, потсвеста поправа и подготвува, а внатрешните органи работат со намален интензитет. Многу истражувања се покренале на оваа тема, а често научниците имаат слично мислење.



Тие утврдиле дека е најдобро да спиеме од 22 часот до 6 часот наутро за целосно да се одмориме и да го одржуваме оптималното здравје. Човечкото тело е предодредено да биде во состојба на одмор, поправување и детоксикација. Ако не спиеме како што треба и колку што ни е потребно, ќе патиме од различни болести и проблеми. На пример, ако сте будни до доцна во ноќта, поради работа, иако седите или лежите, телото не се одмара. Затоа мора да ги следите правилата за најдобар и најздрав одмор на телото.

Примери за добар одмор:

  • 21:00-22:00 Телото ги елиминира токсичните хемикалии од имунолошкиот систем. Најдобро е цврсто да заспиете во овој период за телото правилно да ги изврши вегетативните функции.
  • 22:00-01:00 Црниот дроб ги елиминира отровите и се регенерира.
  • 00:00-04:00 Коскената срж создава крв
  • 00:00-03:00 Жолчниот меур ги елиминира отровите и се обновува
  • 03:00-05:00 Белите дробови ги елиминираат токсините и се обновуваат
  • 05:00-07:00 Дебелото црево ги елиминира токсините и се обновува, а во тоа време потребно е и празнење
  • 07:00-09:00 Витамините, минералите и хранливите состојки се впиваат во системот за варење и е вистинско време за појадок

Освен времето на спиење, мошне важна е и позицијата на спиење. Ако спиеме во некоја лоша состојба, тогаш телото повеќе ќе го измориме отколку што ќе го одмориме.

Зошто е толку важна положбата за време на спиење?

Нашето тело е функционална тежина со која се служиме за да го исполниме сето она што сме го замислиле. Сите наши мускули, коски, зглобови и органи ни го даваат телесниот облик, а се во внатрешноста на телото е поврзано. Кога сме во легната положба, нашето тело се прилагодува на подлогата, па се ротира, витка или станува напнато, а по подолго време може да почне и да не боли.

Подлогата на која редовно спиеме, треба да биде квалитетно рамна и погодна за секој дел на телото. Освен добра подлога, потребна ни е и перница, за делот кој не лежи на подлогата, односно вратот. Висината на перницата не смее да ја наруши физиолошката искривеност на вратните и грбните пршлени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби