Воспаление на увото кај децата: Кога треба да се загрижите?

Кога доаѓа до воспаление на увото, треба да разликувате три вида на воспаленија: воспаление на надворешното, на средното и на внатрешното уво. Сепак, најчесто доаѓа до воспаление на средното уво.



Увото, грлото и носот се поврзани органи, па воспалението на увото ретко се јавува како посебна појава. Најчесто се јавува во склоп на респираторните инфекции на носот и грлото, бидејќи воспалението од носот продира во увото преку Евстахиевата туба, односно делот кој што го спојува носот и средното уво.

- Воспалението на ушите е почесто кај малите деца поради специфичните анатомски структури, односно пократката Евстахиева туба, недоволно развиениот имунолошки систем и хипертрофијата на лимфното ткиво. На тоа особено се изложени децата во градинка, поради поголемите респираторни инфекции кај повеќето деца, објаснува д-р Ива Палиќ, специјалист педијатар во приватна клинка во Хрватска.

Најчести симптоми се болка во увото и зголемена телесна температура. За точна дијагноза, потребен е клинички преглед и анамнеза од родителите. Честите анамнестички податоци од родителите се дека детето било настинато неколку денови, дека му течел носот и се разбудило со болки во увото.



Воспалението најчесто се јавува во склоп на вирусна инфекција на горните дишни патишта. Кога се работи за вирусна инфекција, не е потребен антибиотик при лекувањето, а самиот тек на лекување обично подразбира употреба на лекови против болка како што се парацетамол и ибупрофен.

Кога е потребно да се обратите на лекар?

Кога се работи за здравјето на децата, секогаш пристапуваме со поголема грижа и внимание, отколку кога се работи за нашето здравје. Воспалението на увото не е безизлезна состојба и веднаш штом детето се пожали на болка, добро е да се однесе на лекар, бидејќи некогаш можеби се работи и за бактериско воспаление.

- Бактериското воспаление на уво се лекува со антибиотици. Најчесто, матичниот лекар го упатува детето на ОРЛ специјалист, за да ја открие вистинската дијагноза и да препише потребна терапија, додава д-р Палиќ.

Таа советува редовно да се празни носот на децата, бидејќи токму тој е најголемата причина за воспаленијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби