НЕКОГАШ НЕ ТРЕБА ДА ВЕРУВАТЕ ВО СЕ

Вообичаени фитнес „совети“ кои можат да ви наштетат

1) Брзо губење тежина може да се постигне исклучиво со вежбање

Ова не е точно. Според полно студии, далеку поважен е правилниот режим на исхрана, особено на краток рок.

На долг рок, пак, истражувањата покажуваат дека редовните тренинзи се поважни за останување во добра форма.

Значи, доколку вашата цел е побрзо слабеење, повеќе фокусирајте се на правилната исхрана, отколку на вежбањето (кое секако не смее да биде занемарено).

2) Вежбањето со тегови ќе го претвори масното ткиво во мускул

Исто така неточно – се работи за комплетно различни типови на ткива кои во никој случај не можат да се претворат од едно во друго. Вежбањето со тежини помага за создавање на ново мускулно ткиво, кое ќе се зацврсне под масното ткиво над него. Ова масно ткиво со тек на време ќе се истенчува и ќе согорува, па и ќе го снема (со правилно вежбање и особено исхрана).

3) Жените не би требало да вежбаат со тегови за да не се „развијат“ како мажи

Сосема неточно. Вежбањето со тегови е безбедно за женскиот пол, и е одличен начин да се зацврснат и дефинираат мускулите и облините. Способноста за создавање на големи мускули е директно зависна од количината на тестостерон, хормон кој жените го имаат во многу помала количина од мажите, така што не се секирајте дека ќе се „развиете“ како машко доколку вежбате со тегови. Па дури и да го сакате тоа, потребни ќе бидат многу месеци/години, суплементи, и промена во исхраната за да го постигнете – никој не се развил „случајно“ само со вежбање.

4) Мора да ги исфрлите јаглехидратите од исхраната за да ослабете

Погрешно. Доколку тоа го сторите, да, ќе имате резултати и ќе ја намалите тежината. Но тоа ќе биде само привремено бидејќи за да се задржи посакуваната тежина ќе мора да се држите до одреден балансиран начин на исхрана целиот живот. Доколку комплетно ги исфрлите карбохидратите, организмот ќе нема од што да ја произведува енергијата. Иако постојат „модерни“ диети кои се базираат на нивно (скоро) комплетно исфрлање (при што организмот ја произведува енергијата од внесените масти), резултатите ќе престанат доколку истата се запре.

Добро балансирана диета која вклучува правилен сооднос помеѓу карбохидрати, протеини и масти е она што ќе ве одржува фит и здрав, и нема да ви го стави организмот во ризик од разни пореметувања кои се јавуваат доколку комплетно се исфрли некој важен елемент од исхраната.

5) Вежбање еднаш до двапати неделно е доволно да се остане во форма

Минимумот за вежбање за да имате видливи резултати е три пати неделно, со структурирана програма при која ќе се вежбаат разни мускулни групи во разни денови. Технички, би требало да сте физички активни секој ден, макар и по 15-20 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби