Кои се знаците за недостаток од цинк ?

Цинкот има толкаво суштинско значење за здравјето, да експертите имаат потешкотии накратко да сумаризираат како сè влијае на организмот. Секоја клетка, систем и орган во телото побарува цинк за правилно да функционира и тој има незаменлива улога во метаболизмот на клетките, функцијата на имунолошкиот систем, заздравувањето на раните и експресијата на ДНК.

Бидејќи цинкот има толку голема улога во телото и симптомите од недостатокот на овој минерал можат да се покажe на стотици начини. Некои од по вообичаените симптоми вклучуваат дијареја, губиток на коса, влошување на состојбата на очите и кожата, импотенција и губиток на апетит. На ова може да се додадат и губиток на телесната тежина, „замаглено“ размислување и често разболување поради ослабување на имунолошкиот систем.

За среќа, вистинските недостатоци од цинк се ретки, бидејќи поголемиот дел од луѓето консумираат сосема доволно од минералот преку исхраната.

Инаку, симптомите од недостаток се менуваат со годините. Малите деца кои не внесуваат доволно цинк можат да искусат бавен или сопрен раст, губиток на апетит, лошо расположение и апатија, додека кај постарите возрасни лица тој се манифестира со проблеми со помнењето и размислувањето, ослабен имунолошки систем, како и макуларна дегенерација (губење на видот).

Скоро секоја храна содржи цинк, а неговата биорасположивост (количината која телото може лесно да ја екстрахира и искористи) варира помеѓу разните групи на храна. Најдобар извор на цинк се мекотелите животни како остригите и животинските меса – што значи дека доколку се придржувате на месојаден или разновиден режим на исхрана, ризикот за недостаток е екстремно низок. Шансите се зголемуваат кај оние кои се хранат вегетаријански или вегански, бидејќи нив им е потребна 50% повеќе од препорачаната дневна доза цинк во споредба со дозата која треба да ја внесат месојадците – причината за тоа е што многу од растителната храна (особено мешунките и целите зрна) содржат фитична киселина која ја блокира апсорпцијата на цинк. Исто така и алкохолот ја блокира апсорпцијата на минералот во цревата, притоа зголемувајќи ја количината на цинк која се губи преку мокрењето.

Многу од храната која содржи цинк е исто така богата и со железо – така што доколку постои недостаток од цинк, најверојатно таа постои и за железо.

Доколку сте дијагностицирани со недостаток од цинк, консултирајте го докторот пред да земете било какви суплементи, бидејќи премногу цинк (над 40mg дневно) може да предизвика симптоми како повраќање, гадење, главоболки и дијареја, а влијае и на лековите, како што се одредени типови на антибиотици и диуретици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби